Мојата 1:1 поддршка за вас
Како сертифициран специјалист за доење можам да Ви понудам едукација и поддршка во совладување на најчестите предизвици со кои се среќаваме за време на доењето.
Без разлика дали сакате да осознаете повеќе за доењето уште за време на бременоста, со цел да обезбедите полесен почеток на доењето, или веќе се соочувате со одредени предизвици, како на пример – позиционирање на бебето, болни брадавици, грутки, болки во градите, проблеми со дохранување со адаптирано млеко, несигурност дали бебето цица ефективно, сакате да зголемите лактација, или можеби сакате да намалите лактација;… или пак можеби треба да се вратите на работа а не знаете како да го организирате секојдневието со вашето бебе кое цица, или пак ви претстои почеток во градинка… можеби ви требаат совети за измолзување, складирање на млекото, или пак Ви е потребна поддршка како да престанете со доење…
… за сите овие предизвици сум тука да Ви дадам стручна поддршка – пред самиот почеток на доенечката приказна, па сѐ до нејзиниот крај.
Како изгледа советување 1:1?
Советувањето се одвива на платформата ZOOM во една пријателска, опуштена, искрена атмосфера. Најважно од сѐ – се одвива на едно професионално ниво, каде што од мене ја добивате максималната стручна поддршка и детално објаснување за предизвикот што го имате.
Ретко споделувам лични искуства, но, сакам да знаете дека сите мои лични предизвици се темел на емпатскиот пристап кој го имам во мојата 1:1 работа со вас.
Она што не можам да направам за вас е да поставам медицинска дијагноза, ниту да Ви препорачам лекарства – не можам да преземам одговорност за одлуки кои треба да ги донесе медицинско лице.
Повеќе за обемот на работа на специјалистот за доење можете да прочитате ТУКА.
Закажување термини и плаќање
Чекори за закажување на советување:
1/ Одберете го видот на советување
Подолу се дадени видовите на советување кои се различни по концепт и траење – изберете го советувањето кое највеќе ви одговара.
2/ Изберете термин по желба
Погледнете ги сите слободни термини подолу во календарот и закажете термин кој ви одговара. Со одбирање на терминот автоматски ќе ви стигне линк за состанок на избраниот датум во избраното време. Зачувајте го овој мејл.
3/ Извршете уплата
Уплаќањето за советувањето се одвива преку продавницата, каде што за време на правење на нарачката ги имате следните две можности: уплата со картичка или пак преку директен трансфер во банка. Доколку уплатите со картичка, од мене потоа добивате фактура за извршената уплата, а доколку одберете опција директен трансфер во банка, добивате фактура од мене согласно на која самите потоа ја извршувате уплатата во банка.
За сите советувања имате директен линк кон соодветниот производ во продавницата.
ВИДОВИ СОВЕТУВАЊЕ
Пренаталното советување е советување за време на бременоста кое ве подготвува на тема доење. Тука разговараме за сите најважни чекори кои треба да ги преземеме непосредно пред и веднаш по породувањето со цел да се намали ризикот од пречки и проблеми со доењето.
60 минути online советување
Погодно за семејства кои веќе имаат некаков предизвик / проблем, за кој ни е потребно функционално решение и план на делување. Остануваме во континуирана комуникација 7 денови по советувањето, со цел да утврдиме дали планот функционира или има потреба од негова адаптација. Прочитајте ги следните ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ.
60 минути online советување + 7 дневна поддршка (e-mail)
Со ова 30 минутно „мини“ советување добивате одговори, насоки и идеи како да се справите со вашиот предизвик. Напомена: не заменува советување за доење.
Погодно е и за оние семејства со кои сме имале советување за доење, а е потребен т.н. „контролен“ термин.
30 минути online советување
На овој тип советување разговараме на тема на која имате одредени недоумици и предизвици, на пример: како да се организира секојдневието кога се започнува со немлечна исхрана, што кога мајката треба да се врати на работа, на што да се внимава кога бебето/детето треба да тргне во градинка, како да се престане со доење, и сл.
60 минути online советување
Овој пакет е специјално наменет за трудниците – вклучува пренатално советување + 7 дневна континуирана пишана поддршка од моментот на вашето породување, со цел навремено реагирање на сите можни проблеми и потешкотии кои се вообичаени на самите почетоци.
60 минути online советување + 7 дневна поддршка (e-mail)
Преглед на термини
Искуства на семејства од 1:1 советување
Наташа беше достапна за општи консултации како на тема доење, така и на тема спиење кога се мачевме со регресија на сон во 4ти месец. На Инстаграм профилот исто наоѓам многу корисни работи за новата улога во која првпат се остварувам.
За искуството со Наташа можам да кажам само едно големо браво чиста 10ка! Посветена максимално на својата работа, детално објаснување за било каков проблем. Си ја знае работата и советите кој што ги дава се навистина корисни. Имав проблем со доење и да не беше инволвирана (така да се изразам) во нашиот проблем мислам дека ќе се откажев од доење. Големо благодарам навистина осеќам некоја подршка и сигурност како first time mom, што не знаеше ништо во врска со доењето. Комуникацијата со Наташа е одлична, има добар respond на емаил и на инста. Со сите мамички со кој што комуницирам во периодов сегде е пофалена и препорачана. Наташа благодарам што си тука за нас! 🤗
Бескрајно ќе сум благодарна на Наташа што ми се најде во најтешките мигови од моето доенечко искуство. Со нејзина помош и разбирање успеав да продолжам, иако мислев дека не можам да издржам ниту еден ден повеќе. Секогаш ќе сум благодарна што одлучив да стапам во контакт со нејзе, бидејќи комплетно го промени нашето секојдневие. Топла препорака за сите кои се соочуваат со некој проблем! Не се откажувајте – побарајте помош од професионалец – а тоа е Наташа!
Дознав за Наташа од форум барајќи искуства за “сецкање” на подврзан јазик. Најизмерно сум благодарна на целата поддршка и советите. Со нејзината помош успеавме (макар и за неколку месеци) да го продолжиме доењето. Исто така продолжив со следење на некои од курсевите и навистина се одлични. Ми се допаѓа што се поделени по теми па секоја бира што навистина сака да чуе. Ти благодарам што постоиш. ❤️
Да не беше Нате, не знам ни дали ќе доев воопшто. Нејзините совети ми отворија очи уште додека бев бремена, кога се породив, во текот на првата година од доењето, па еве и наредната, здравје и со второ бебе, можеби и тандем.
Во најкризниот период со доењето, Наташа ми помогна да продолжам со ексклузивно доење на моето скоро 4 месечно бебенце. За мене беше огромна помош и поддршка која не знаев дека ми треба!
Да не беше помошта на Наташа сигурна сум дека немаше да биде на ексклузивно доење мојата четиримесечна ќерка. Многу трпеливо и стручно ми даде насоки како да воспоставам успешна лактација и сеуште кога и да имам некое двоумење тука е да објасни детално и да помогне. Како што ми рече кога се запознавме, приоритет е доењето да ни стане ексклузивно. Морам да напоменам дека во три ситуации до сега со затнати канали таа беше тука да ме охрабри и да ми помогне. Многу сум ти благодарна Наташа, бидејќи лично мене многу ми беше битно да можам да ја дојам ќерка ми.
Секоја препорака за еден-на-еден сесијата со Наташа. Ова ми е второ искуство со доење. Првото дете го доев две и пол години и секако „носам“ доста искуство од тогаш. Но, секое бебе е различно и од старт си развива свои преференции и така се појави потреба овој пат да се обратам кај експерт по доење. 🙂 Наташа темелно ми објасни многу работи што не ги знаев од првиот пат. Ги применив нејзините совети и еве уживаме во доењето со бебето. Благодарение на сесијата и применетото од истата, лактацијата е одлична и немаме потреба од формула (иако бев убедена дека ќе мора). Од срце ја препорачувам Наташа за сите родители на новороденчиња, без разлика дали ви е ова прво бебе или веќе сте родител.
Супер искуство! На почеток се двоумев, но сега ми е криво зошто порано не исконтактирав. Како особа прекрасна, толку топло и смирувачки делува, за момент си помислив дека немам воопшто никаков проблем :)) професионално и тематски му приоѓа на проблемот и секако советите кои ги дава се стварно логични и доста од помош. Иако е пребукирана, секогаш враќа на прашање или коментар и најмногу што ми се допадна: стварно се интересира за вас 😊Топло препорачувам! ❤️
Преблагодарна за совет кој ми го даде во врска со мојот проблем🙏
Фала ти најмногу за поддршката! Не само што ми помогна на самата сесија, туку и во еден исклучително критичен момент за мене и моето бебче ми одговори и дополнително кога те контактирав. На целиот стрес и сомнеж што си го создадов сама, ми дојде супер со твојата позитивна енергија!
Толку голема подршка и разбирање не добив ниту од најблиските како од тебе драга Наташа. Еден разговор со тебе беше доволен да соберам самодоверба и одлучност која ми помогна да го дојам и второто бебе без никакви проблеми. Ти благодарам неизмерно за твоето несебично залагање за едуцирање на младите мајки и за промовирање на она што е најприродно, а истовремено најпредизвикувачки за една жена – доењето. Најпрекрасното искуство во мојот живот благодарение на твоите совети и објави на профилот, од кои многу научив. Најважно од се е научив дека не сум сама во борбата за воспоставување и одржување на лактација. Ти благодарам за секој совет, насока, поддршка, разбирање. 🙏🩷🤱💪
Драга Наташа, имам само пофални зборови за тебе. Во моментите кога ни беше најтешко ни даде поддршка и охрабрувачки зборови дека сме на прав пат. Ти благодарам најмногу, без тебе немаше да успееме. Сега нашата Ана си цица убаво, и напредува како што треба!
Затоа што Наташа си ја работи работата со љубов, нашето доење го надмина стресот и стравот и се исполни со љубов! Бев восхитена од топлината, поддршката и охрабрувањето веднаш после првиот контакт и тоа во писмена комуникација. Ти благодарам што се посветуваш целосно и во согласност со потребите на секое семејство, што секогаш даваш исцрпни и проверени одговори и што си секогаш тука без разлика колку и да си физички далеку. Твоето постоењe на интернет е богатство за сите сегашни и идни родители. Ти благодарам од срце што ни овозможи здравје и радост на мене и моето бебе и уштe поважно, што ми помогна да станам самоуверена мајка!
Мојот пат кон доењето беше неверојатно тежок и исполнет со многу препреки, почнувајќи од бебе со мала родилна тежина и жолтица, силиконски брадавици, плиток фат, рани, болки, и доењето ми изгледаше невозможно, сѐ додека не ја запознав Наташа. Нејзината посветеност, експертиза и постојана поддршка ми дадоа сила, знаење и моќ да стигнам до целта. Денес моето бебе успешно цица иако започнавме со 90% адаптирано млеко. Со постојана и несебична поддршка од Наташа, јас уживам во магијата на доењето, и одговорно тврдам дека друг како нејзе нема! Наташа, ти благодарам за сѐ што направи за мене, и никогаш нема да ја заборавам твојата поддршка во миговите кога ми беше најтешко, а ти беше тука да ми дадеш крила!
Наташа ни помогна со советување со неколку предизвици во доењето, меѓу другото лош фат на града и постојано губење вакум при цицањето, подврзување на јазиче, менаџирање на силен рефлекс на испуштање млеко и методи на хранење при разделеност меѓу бебе и мама. Мислам дека она што најмногу го ценам и (сеуште) ни помага е постојаната несебична поддршка и мотивација да бидеме упорни и истрајни во се што правиме, да не се плашиме и откажуваме пред предизвиците, да веруваме на мајчинскиот инстинкт, особено бидејќи секоја доенечка врска и приказна е уникатна и посебна. После точно 6 месеци бебе е супер цицач, а мама среќна 🙂
Прекрасна личност. Достапна во било кое време, секогаш со посветеност и трпение одговара и дава совети. Разговорите со неа комплетно ми ги расчистувале недоумиците коишто сум ги имала. Со задоволство ја препорачувам.
Вашето искуство од индивидуалната 1:1 работа со мене можете да го споделите ТУКА.