CBS-Info

CBS-Info

 

Обем на работа

Сертифициран специјалист за доење (Certified Breastfeeding Specialist – CBS) претставува професионално лице од област доење и лактација кое поминало специфични обуки и едукација во областа, како и  тренинг за поддршка на семејства уште за време на бременост, почетокот со доење, и нормалниот тек на лактацијата.

Сертифициран специјалист за доење има завршено минимум 45 часови од дидактичка лактациска едукациска програма која е признаена од LEAARC, а понудена од LER, и полага завршен испит со кој покажува дека се стекналсо потребното знаење на основна лактациска поддршка, по што се квалифицира како професионално лице за извршување на сите обврски согласно својот обем на работа.

Поддршка на автономијата на мајката/лицето кое е во фаза на лактација:

• преку почитување на доверливоста на информациите и приватноста на лицето;

• почитување на правото на избор на клиентот согласно на неговата ситуација;

• поддршка на родителите во идентифицирање и остварување на целите во врска со лактацијата и доењето;

• почитување на принципи за носење заеднички одлуки.

Едукација на семејствата:

• едукација и поддршка за семејствата за време на бременоста, потоа и во перинаталниот период сѐ до одбивање на бебето/детето;

• групна едукација преку курсеви, едукација преку индивидуални советувања, како и во групи за поддршка на доењето.

Поддршка на семејствата:

• оценка на мајката/родителот и бебето и изработка на индивидуален план за грижа во медицински некомплексни ситуации;

• поддршка и работа со семејствата во пронаоѓање на оптималните позиции за доење, фатот на града, фреквенцијата и траењето на подоите, како и параметрите од полнење пелени;

• оценка на ефективност на доењето и трансфер на млеко во медицински некомплексни ситуации;

• нудење поддршка преку нудење соодветни информаии;

• обезбедување решенија кои немаат негативни резултати;

• инструкции за родители на предвемено родени бебиња во воспоставување и одржување лактација;

• советување на мајки/родители кои дојат а треба да се вратат на работа во поглед на избор на пумпа, одржување лактација и складирање на мајчино млеко;

• документирање на резултатите од работата со семејствата.

Соработка со други професионални лица:

• по потреба – препраќање на семејството на соодветно место за понатамошна проценка;

• соработка со останатите професионалци – IBCLC, доктори или др. со цел проценка и терапирање;

• работа како дел од тимот со цел отстранување на бариерите во успешно воспоставување на доење.

Претставува глас за семејството:

• во промовирање на човечко млеко за човечки бебиња;

• помага во создавање на програми за поддршка на семејствата за доење;

• адресира и се залага за аспекти на програмите за менаџирање на доење кои поддржуваат успешно доење;

• се залага за правата на семејствата во рамките на здравствениот систем;

• се придржува кон одредбите на интернационалниот код за маркетинг на замени за мајчино млеко.

Сертификатот е со важност од 5 години, по кои е потребна ресертификација.

Click HERE for the English version of the CBS- scope of works.