Portfolio Description

Курс за успешно доење и лактација

Курс од кој ќе научите многу повеќе за тоа што значи доењето за вас, како и за вашето новороденче, и ќе можете успешно да навигирате низ целото патешествие на градење и негување на оваа уникатна врска помеѓу вам и вашето детенце.

Доењето е повеќе од храна - тоа е нежност, допир, мирис, блискост, .... љубов. Доењето е љубов!

Мислења на учесници

Содржина на курсот

Курсот за доење се состои од четири модули:

Модулите 1 до 3 претставуваат едукативни презентации, додека модулот 4 претставува интерактивна работилница која се одржува во живо на платформата ZOOM.

Детална содржина на модулите

Во овој модул, наречен „себеспознавање“ детално го продлабочуваме знаењето за процесот на создавање на човечкото млеко преку запознавање со структурата на нашите гради, хормонските промени за време на бременоста и по породувањето; се запознаваме со фазите на лактација. На тој начин, добиваме одговори на повеќе прашања кои ги мачат доилките во секојдневието, како што се – изгледот на градите, фреквенција на доење, шемата на подои, потреба од дохранување, исхрана за време на доење, терапија и медикаменти, како до повеќе млеко…

Во овој модул наречен „себеподготовка“ хронолошки чекориме – од породувањето па сѐ до првите неколку недели додека се воспостави успешно доење, при тоа разгледувајќи потенцијални бариери за лактација, фактори за успех, редуцирање на потенцијалните проблеми кои ни излегуваат на патот. Се концентрираме на тоа како да ги препознаеме знаците на ефективен трансфер на млеко, како да позиционираме и да оствариме длабок фат на града, како да правиме компресии за време на доење, како да го контролираме трансферот на млеко.

Модулот е наречен и „себеподдршка“ и има за цел да Ве запознае со сите потенцијални „сопки“ во првиот период со кои многу жени се среќаваат во своето доенечко искуство. Разговараме за проблеми со фатот на града, затнати млечни канали, мастит, рани на брадавиците, рамни и вовлечени брадавици, отечени гради… Разговараме и за препреки кои се резултат на фактор бебе – прематуритет, орални рестрикции, жолтица… целта е да можете да си бидете самите себеси најголема поддршка, преку соодветна едукација, решенија…

Модул 4 е завршница на сите претходни модули и служи да го заокружи целото стекнато познавање од овој курс. Преку конструктивни дискусии, разјаснување на дилеми, приказ на едукативни видеозаписи, и особено преку дискусија за реални примери од секојдневието на семејствата и заеднички вежби во нивна евалуација, овој модул е одлично резиме на целиот курс за доење. За следење на работилницата во живо, одберете датум од наведените термини за одржување на модулот.

Преглед на термини за Модул 4

АВГУСТМОДУЛ 4

  • недела
  • 31.08.2025
  • 10:00 - 12:00 ч.
пријави се

СЕПТЕМВРИМОДУЛ 4

  • недела
  • 28.09.2025
  • 10:00 - 12:00 ч.
ПРИЈАВИ СЕ

ОКТОМВРИМОДУЛ 4

  • недела
  • 19.10.2025
  • 10:00 - 12:00 ч.
пријави се

Материјали за преземање

Со курсот за доење добивате и материјали за преземање како на пр. табели за преглед на доење, измолзување, складирање на мајчино млеко, и сл., како и сите едукативни видеа од Модулот 4.

Откако ќе завршите со следење на целиот курс, т.е. откако ќе присуствувате и на интерактивната работилница – Модул 4, добивате пристап и до ПРИРАЧНИК ЗА ЛАКТАЦИЈА И ДОЕЊЕ кој е изготвен согласно содржината на курсот за успешно доење и лактација.

Оние кои го следат или го следеле курсот за доење добиваат пристап до материјалите со кликање на следниот линк:

За следење на курсот

потребно е да имате направено профил на страницата, да сте најавени и да го имате купено курсот.

По извршена уплата на средствата, Модулите се автоматски достапни за следење во следните 30 дена. Во тоа време, бројот на прегледи на материјалот е неограничен. По купување на курсот, вратете се на оваа страница и кликнете на линковите подолу за следење на секој Модул кој е дел од курсот.

Модулите од 1 до 3 ги следите во снимена верзија во ваше темпо, а потоа се регистрирате за учество на Модул 4 (кој се одржува само во живо) на еден од предложените термини. Преглед на термини е даден подолу на страницава.

Напомена: копирање, преземање и споделување на содржината без согласност од авторот е забрането.

Купете го курсот за доење

  • курс за доење

    0 out of 5

    Курс од кој ќе научите многу повеќе за тоа што значи доењето за вас, како и за вашето новороденче, и ќе можете успешно да навигирате низ целото патешествие на градење…

    ден 3.950,00

Најчесто поставувани прашања

Доењето е врска меѓу мајката и бебето, начинот на кој бебето добива храна, но, и ја чувствува својата сигурност, а мајката — понатамошното поврзување со бебето. Но, доењето знае да биде навистина тешко, особено на самиот почеток.

Речиси секое семејство кое што се нема сретнато со доењето, премногу наивно мисли дека доењето е нешто кое што автоматски ќе се случи, бебето се става на града, и започнува да цица. Она што не го знаеме пред да се сретнеме со доењето е тоа дека доењето е вештина која треба да ја совладаат и мајката, и бебето. А за тоа е потребно едукација, трпение и поддршка!

Затоа е важно добро да се подготвиме за ова патешествие, да се информираме, да се едуцираме, да стекнеме разбирање за она што нѐ очекува, и да се стекнеме со алатки како да си помогнеме кога ќе наидеме на потешкотии. Само на тој начин, кога знаеме како навистина изгледа целиот процес, можеме да уживаме во сето она што следува: и ние како директни учесници, и нашите партнери и поблиско семејство – како најголемата наша поддршка!

Затоа што доењето не е само мајчина борба, туку заедничко патување кон поврзување и љубов.

Многу семејства размислуваат дека би побарале поддршка „ако се појави проблем“ (незнаејќи дека во 99% од ситуациите се појавуваат недоумици и проблеми) и првпат бараат помош дури кога веќе се соочиле со проблемите – болка при доење, потреба од дохранување, ненапредување во тежина на бебето, рани на брадавици, несигурност, чувство на поразеност, на тага и анксиозност… и додека да побараат помош и стигнат до советувањето, веќе се чувствуваат изгубено и исцрпено и потрошиле многу време во кое можеле да се справат со проблемот. 

Советувањето тогаш е навистина важно и корисно, но честопати веќе се справуваме со нешто што можело да се спречи — само ако сме знаеле како да реагираме на време.

Курсот е тука токму за тоа: да ве подготви пред да дојде бебето, да ви даде јасна слика што да очекувате, како да препознаете кога нешто не оди во добра насока, и што можете веднаш да направите. Кога сме едуцирани однапред, многу ситуации и грижи воопшто не се дел од нашата приказна — затоа што знаеме, и затоа што сме подготвени.

Тоа не значи дека нема да има предизвици, туку дека нема да ве изненадат, и нема да ве поразат. А тоа прави огромна разлика.

Затоа, едукацијата пред породување не е луксуз – таа е најнежната форма на грижа за себе и нашето најмило, и најмудрото вложување во едно мирно, уверено родителство.

Што е за вас подобро, ќе зависи единствено од вас и вашите желби и потреби.

Курсот за доење е многу поинтензивен и потемелно ве подготвува за она што следува. Со курсот имате преку 10.5 часа подготовка на тема лактација и доење и дополнителни материјали.

Пренаталното советување нуди подготовка во 60 минути, и затоа е сконцентрирано само на првите часови и денови по породувањето. Доколку сакате континуирана поддршка, има и пакет за трудници “safe beginnings” кој опфаќа и 7 дневна поддршка по породувањето.  

Која од овие опции ќе е за вас подобра, во најголема мера ќе зависи од вас и вашите индивидуални потреби.

Моја препорака е да го следите за време на второто тромесечие од бременоста. Не чекајте да сте на самиот крај, бидејќи во тој период најчесто сме концентрирани на последните подготовки пред да дојде бебенцето, возбудата е многу поголема, а има и уште една причина: курсот ве подготвува и во случај на предвремено породување! 

Секако дека нема правила, курсот може да се следи од рана бременост, па дури и некои семејства го следат веднаш по породување… секако не би препорачала да се следи откако е бебето тука, за да можете комплетно да му се посветите, и да ја имате веќе целата потребна едукација и смиреност и да се препуштите на уживање и љубов во тие први мигови!

Иако се модулите поврзани, секој модул што е дел од курсот за доење може да се следи и како индивидуален модул – со исклучок на Модул 4 кој е наменет само за оние кои го следат целиот курс за доење. Повеќе информации за овој модул има подолу.

Со следење на целиот курс секако дека добивате многу повеќе во споредба со следење на еден модул: подолг пристап до видеата; материјали, табели за преглед, насоки за доењето, квизови за проверка на знаењето, преглед на видео записи, и најважно – добивате и прирачник за доење, како и учество на Модул 4 кој е од огромна важност за заокружување на целото стекнато теоретско знаење од сите претходни три модули.

Секако, бенефитот е индивидуална работа и ќе зависи од вашите лични потреби. 

Курсот за доење има повеќе сегменти. Пред сѐ ги имаме видео записите од првите три модули кои ги следите во ваше темпо. Потоа следува пријавување и учество на Модул 4 каде што и лично се запознаваме, и низ содржината на модулот го продлабочуваме стекнатото знаење и ги одговараме сите ваши неодговорени прашања. Со сите четири модули добивате преку 10.5 часа едукација на тема доење и лактација.

Во склоп на курсот се и материјали кои ви се веднаш достапни за преземање: како што се важни информации и табели за преглед на доење, измолзување, складирање на мајчино млеко, раст и развој и сл.

Како најважен дел од курсот е и прирачникот до кој имате временски неограничен пристап, кој е изработен на основа на курсот за доење.

По завршување на Модул 4 добивате и мејл со сите видеа кои што сме ги следеле на работилницата, добивате и интерактивни квизови за проверка на стекнатото знаење, како и линкови до важни извори поврзани со оваа тема.

Пристап до видеата имате 30 календарски денови, а пристапот до материјалите е временски неограничен.

Пред сѐ потребно ви е да имате кориснички профил на оваа страница, и да го имате уплатено целиот курс за доење. Ако е завршена уплатата преку картичка, автоматски е одобрен пристапот до видеата и материјалите за преземање. Доколку изберете опција за директен трансфер во банка, пристапот го добивате откако ќе ја извршите уплатата. Пристао до материјалите и видеата имате со едноставно кликање на линковите погоре.

Потоа, потребно е да се пријавите за Модул 4 на датум кој ви одговара, по што ден претходно добивате индивидуален линк за учество на работилницата. Ве молам проверете и во junk mail / spam. По следење на курсот добивате мејл од мене со сите информации – видеа, квизови, корисни линкови и сл., и добивате линк до анонимен прашалник на кој можете да ми го пишете вашето мислење за курсот.

Модул 4 е пожелно да се следи откако ќе ги изгледате сите претходни модули, бидејќи содржината која ја обработуваме во овој модул е практичен дел кој е основан на веќе обработен теоретски дел од претходните модули.

Секако, ако не сте стигнале да ги изгледате сите модули, а вашиот термин е навистина блиску, тогаш пожелно е да не го пропуштите модул 4. Исто така, ако сте го изгледале курсот претходно, а имате повеќе време до терминот, на Модул 4 можете да дојдете во секое време, и не само еднаш! 

Модул 4 е работилница која се одвива во живо онлајн на платформата zoom. За истата потребно е да изберете термин кој ви одговара, и да се регистрирате. По регистрацијата, вообичаено еден ден пред закажаниот термин добивате индивидуален линк на кој можете само вие да се вклучите за следење на работилницата. Доколку мејлот не ви е стигнат во сандаче, проверете ве молам и во spam/junk mail. 

Мојата топла препорака е да се следи курсот заедно со партнерот или со оној кој ќе биде во вашето секојдневие и ви претставува најголема поддршка. Затоа што покрај едукацијата која ви е вам потребна, поддршката која што ќе ја добиете од најблиските е клучна во носењето одлуки кои и те како можат да влијаат на доенечката врска.

Додека бебето сè уште не е дојдено, сè изгледа далечно — и доењето, и исцрпеноста, и трошоците. На прв поглед, цената на курсот изгледа висока. Но, кога ќе се роди бебето, секој ден ќе носи нови предизвици… и нови трошоци. Само еден месец комбинирано хранење со адаптирано млеко знае да чини онолку колку целиот овој курс — ако не и повеќе. А еден месец хранење исклучиво со адаптирано млеко чини многу повеќе! Така е и формирана цената на овој курс – да е еднаква на трошоците кои ги имаме во само еден месец ако имаме проблеми со доењето и дохрануваме!

Често купуваме и работи кои се на оние познати „бебешки“ листи, кои остануваат неупотребени. Или пак после породување, кога се соочуваме со проблеми, купуваме многу помагала кои не ретко знаат да одмогнат наместо да помогнат. 

Овој курс не ви ветува совршенство, но нуди знаење, сила и поддршка – нешта што можат да направат разлика. Мојата искрена желба е да ви помогне да запловите во мајчинството и родителството со повеќе сигурност и помалку страв, да оставиме простор за љубовта и уживањето наместо стравот и несигурноста, а со тоа и можеби – со помалку непланирани трошоци. 

Кога ќе дојде времето, најчесто сфаќаме дека вложувањето во подготовката всушност било бесценето.

Уплаќањето за курсот се одвива преку продавницата, каде што за време на правење на нарачката ги имате следните две можности: уплата со картичка или пак преку директен трансфер во банка. Доколку уплатите со картичка, содржината ви е достапна веднаш по уплатата, а потоа од мене добивате мејл со инструкции и фактура за извршената уплата. Доколку одберете опција директен трансфер во банка, добивате фактура од мене согласно на која самите потоа ја извршувате уплатата во банка, и по извршената уплата добивате пристап до содржината.

Во продавницата ги имате сите модули и како посебен производ доколку сакате да следите само некој модул индивидуално, или пак имате производ каде што може да го купите целиот курс за доење. 

Нема никаков проблем. Пишете ми порака, ќе ви одобрам дополнителни 30 дена за следење на курсот! 

Во тој случај испратете го на следниот мејл: info@doenjesoljubov.com или пак контактирајте ме преку контакт формата на страницава, и јас со задоволство и во најбрзо можно време ќе го одговорам.