Мојата поддршка за вас

Како сертифициран специјалист за доење можам да Ви понудам едукација и поддршка во совладување на најчестите предизвици со кои се среќаваме за време на доењето.

Без разлика дали сакате да осознаете повеќе за доењето уште за време на бременоста, со цел да обезбедите полесен почеток на доењето, или веќе се соочувате со одредени предизвици, како на пример – позиционирање на бебето, болни брадавици, грутки, болки во градите, проблеми со дохранување со адаптирано млеко, несигурност дали бебето цица ефективно, сакате да зголемите лактација, или можеби сакате да намалите лактација;… или пак можеби треба да се вратите на работа а не знаете како да го организирате секојдневието со вашето бебе кое цица, или пак ви претстои почеток во градинка… можеби ви требаат совети за измолзување, складирање на млекото, или пак Ви е потребна поддршка како да престанете со доење…

… за сите овие предизвици сум тука да Ви дадам стручна поддршка – пред самиот почеток на доенечката приказна, па сѐ до нејзиниот крај.

Видови советување

ЗАКАЖЕТЕ СОВЕТУВАЊЕ

Референци

Вашето искуство од индивидуалната 1:1 работа со мене можете да го споделите ТУКА.

Толку голема подршка и разбирање не добив ниту од најблиските како од тебе драга Наташа. Еден разговор со тебе беше доволен да соберам самодоверба и одлучност која ми помогна да го дојам и второто бебе без никакви проблеми. Ти благодарам неизмерно за твоето несебично залагање за едуцирање на младите мајки и за промовирање на она што е најприродно, а истовремено најпредизвикувачки за една жена – доењето. Најпрекрасното искуство во мојот живот благодарение на твоите совети и објави на профилот, од кои многу научив. Најважно од се е научив дека не сум сама во борбата за воспоставување и одржување на лактација. Ти благодарам за секој совет, насока, поддршка, разбирање. 🙏🩷🤱💪

Елена
Германија

Преблагодарна за совет кој ми го даде во врска со мојот проблем🙏

Симона
Switzerland

Затоа што Наташа си ја работи работата со љубов, нашето доење го надмина стресот и стравот и се исполни со љубов! Бев восхитена од топлината, поддршката и охрабрувањето веднаш после првиот контакт и тоа во писмена комуникација. Ти благодарам што се посветуваш целосно и во согласност со потребите на секое семејство, што секогаш даваш исцрпни и проверени одговори и што си секогаш тука без разлика колку и да си физички далеку. Твоето постоењe на интернет е богатство за сите сегашни и идни родители. Ти благодарам од срце што ни овозможи здравје и радост на мене и моето бебе и уштe поважно, што ми помогна да станам самоуверена мајка!

Нина
Скопје, Македонија

Мојот пат кон доењето беше неверојатно тежок и исполнет со многу препреки, почнувајќи од бебе со мала родилна тежина и жолтица, силиконски брадавици, плиток фат, рани, болки, и доењето ми изгледаше невозможно, сѐ додека не ја запознав Наташа. Нејзината посветеност, експертиза и постојана поддршка ми дадоа сила, знаење и моќ да стигнам до целта. Денес моето бебе успешно цица иако започнавме со 90% адаптирано млеко. Со постојана и несебична поддршка од Наташа, јас уживам во магијата на доењето, и одговорно тврдам дека друг како нејзе нема! Наташа, ти благодарам за сѐ што направи за мене, и никогаш нема да ја заборавам твојата поддршка во миговите кога ми беше најтешко, а ти беше тука да ми дадеш крила!

Маја
Скопје

Мислам дека неможам доволно да ја препорачам Наташа. Сум имала консултации и со други Лактациски консултанти, меѓутоа, сум ја немала таа доверба што ја имам во Наташа. Неколку пати ми има помогнато за различни проблеми, и малку е да кажам дека сум пре, пре задоволна. Нешто што прво би го издвоила е тоа што е многу детална, ги разгледува сите информации, сите параметри, ја разгледува целосната слика пред да има било каква препорака. Комуникацијата со Наташа е многу лесна, за мене многу битно е тоа што за време на консултациите се чуствував пријатно, како да правам муабет со другарка.

Ивана Ризовски
Холандија

За искуството со Наташа можам да кажам само едно големо браво чиста 10ка! Посветена максимално на својата работа, детално објаснување за било каков проблем. Си ја знае работата и советите кој што ги дава се навистина корисни. Имав проблем со доење и да не беше инволвирана (така да се изразам) во нашиот проблем мислам дека ќе се откажев од доење. Големо благодарам навистина осеќам некоја подршка и сигурност како first time mom, што не знаеше ништо во врска со доењето. Комуникацијата со Наташа е одлична, има добар respond на емаил и на инста. Со сите мамички со кој што комуницирам во периодов сегде е пофалена и препорачана. Наташа благодарам што си тука за нас! 🤗

Тамара
London

Во најкризниот период со доењето, Наташа ми помогна да продолжам со ексклузивно доење на моето скоро 4 месечно бебенце. За мене беше огромна помош и поддршка која не знаев дека ми треба!

Марина
Битола

Драга Наташа, имам само пофални зборови за тебе. Во моментите кога ни беше најтешко ни даде поддршка и охрабрувачки зборови дека сме на прав пат. Ти благодарам најмногу, без тебе немаше да успееме. Сега нашата Ана си цица убаво, и напредува како што треба!

Адријана
Скопје

Дознав за Наташа од форум барајќи искуства за “сецкање” на подврзан јазик. Најизмерно сум благодарна на целата поддршка и советите. Со нејзината помош успеавме (макар и за неколку месеци) да го продолжиме доењето. Исто така продолжив со следење на некои од курсевите и навистина се одлични. Ми се допаѓа што се поделени по теми па секоја бира што навистина сака да чуе. Ти благодарам што постоиш. ❤️

Вања
Скопје

Да не беше помошта на Наташа сигурна сум дека немаше да биде на ексклузивно доење мојата четиримесечна ќерка. Многу трпеливо и стручно ми даде насоки како да воспоставам успешна лактација и сеуште кога и да имам некое двоумење тука е да објасни детално и да помогне. Како што ми рече кога се запознавме, приоритет е доењето да ни стане ексклузивно. Морам да напоменам дека во три ситуации до сега со затнати канали таа беше тука да ме охрабри и да ми помогне. Многу сум ти благодарна Наташа, бидејќи лично мене многу ми беше битно да можам да ја дојам ќерка ми.

Бојана
Кочани

Бескрајно ќе сум благодарна на Наташа што ми се најде во најтешките мигови од моето доенечко искуство. Со нејзина помош и разбирање успеав да продолжам, иако мислев дека не можам да издржам ниту еден ден повеќе. Секогаш ќе сум благодарна што одлучив да стапам во контакт со нејзе, бидејќи комплетно го промени нашето секојдневие. Топла препорака за сите кои се соочуваат со некој проблем! Не се откажувајте – побарајте помош од професионалец – а тоа е Наташа!

Кристина
Скопје, Македонија

Да не беше Нате, не знам ни дали ќе доев воопшто. Нејзините совети ми отворија очи уште додека бев бремена, кога се породив, во текот на првата година од доењето, па еве и наредната, здравје и со второ бебе, можеби и тандем.

Викторија

Наташа со нејзината смиреност и стручност ми помогна навистина многу во процесот на доење кој не секогаш е лесен и спонтан. Како мајка прворотка поминав низ доста предизвици во истиот, но поради неа јас сѐ уште го дојам своето бебе. Наташа, ти благодарам! ♥️

Милена
Охрид

Наташа ни помогна со советување со неколку предизвици во доењето, меѓу другото лош фат на града и постојано губење вакум при цицањето, подврзување на јазиче, менаџирање на силен рефлекс на испуштање млеко и методи на хранење при разделеност меѓу бебе и мама. Мислам дека она што најмногу го ценам и (сеуште) ни помага е постојаната несебична поддршка и мотивација да бидеме упорни и истрајни во се што правиме, да не се плашиме и откажуваме пред предизвиците, да веруваме на мајчинскиот инстинкт, особено бидејќи секоја доенечка врска и приказна е уникатна и посебна. После точно 6 месеци бебе е супер цицач, а мама среќна 🙂

Весна Велевска
Гент, Белгија

Супер искуство! На почеток се двоумев, но сега ми е криво зошто порано не исконтактирав. Како особа прекрасна, толку топло и смирувачки делува, за момент си помислив дека немам воопшто никаков проблем :)) професионално и тематски му приоѓа на проблемот и секако советите кои ги дава се стварно логични и доста од помош. Иако е пребукирана, секогаш враќа на прашање или коментар и најмногу што ми се допадна: стварно се интересира за вас 😊Топло препорачувам! ❤️

Ангела
Хагенов

Прекрасна личност. Достапна во било кое време, секогаш со посветеност и трпение одговара и дава совети. Разговорите со неа комплетно ми ги расчистувале недоумиците коишто сум ги имала. Со задоволство ја препорачувам.

Катерина
Карпош

Секоја препорака за еден-на-еден сесијата со Наташа. Ова ми е второ искуство со доење. Првото дете го доев две и пол години и секако „носам“ доста искуство од тогаш. Но, секое бебе е различно и од старт си развива свои преференции и така се појави потреба овој пат да се обратам кај експерт по доење. 🙂 Наташа темелно ми објасни многу работи што не ги знаев од првиот пат. Ги применив нејзините совети и еве уживаме во доењето со бебето. Благодарение на сесијата и применетото од истата, лактацијата е одлична и немаме потреба од формула (иако бев убедена дека ќе мора). Од срце ја препорачувам Наташа за сите родители на новороденчиња, без разлика дали ви е ова прво бебе или веќе сте родител.

Маја Стојчевски
Германија

Наташа беше достапна за општи консултации како на тема доење, така и на тема спиење кога се мачевме со регресија на сон во 4ти месец. На Инстаграм профилот исто наоѓам многу корисни работи за новата улога во која првпат се остварувам.

Даниела
Скопје

Фала ти најмногу за поддршката! Не само што ми помогна на самата сесија, туку и во еден исклучително критичен момент за мене и моето бебче ми одговори и дополнително кога те контактирав. На целиот стрес и сомнеж што си го создадов сама, ми дојде супер со твојата позитивна енергија!

Катерина
Скопје

Најчесто поставувани прашања

Сертифициран специјалист за доење е лице кое поминало низ обемна и специфична обука за лактација и доење, и со полагање на завршен испит се стекнало со соодветен сертификат за работа од оваа област. Повеќе за обемот на работа на специјалистот за доење можете да прочитате ТУКА.

Доколку сакате да се запознаете со мене и мојата работа, повеќе детали можете да најдете во делот ЗА МЕНЕ.

Сите титули во областа за лактација и доење ги имам опфатено во следниот ТЕКСТ.

Советувањето за доење и тематското советување се советувања наменети за теми кои најчесто нѐ засегаат после породувањето. Доколку имате проблем со доењето со кој се соочувате веќе некое време и за кој ви треба континуирана поддршка од стручно лице, тогаш за вас е посоодветно советувањето за доење. Доколку имате одредена таргетирана тема која сакате еднократно да ја продискутирате со мене и да добиете насоки, тогаш за вас е тематското советување. Доколку пак сметате дека прашањето е кратко и ви треба кратка насока, можете да го закажете мини советувањето од 30 минути.

Доколку пак очекувате бебенце, најтопла препорака за пренаталното советување или пак пакетот “safe beginnings”. Секако, ако сакате да имате малку пообемна едукација, тогаш вреди да се погледне курсот за доење.

Советувањето се одвива на платформата ZOOM во една пријателска, опуштена, искрена атмосфера. Најважно од сѐ – се одвива на едно професионално ниво, каде што од мене ја добивате максималната стручна поддршка и детално објаснување за предизвикот што го имате. Ретко споделувам лични искуства, но, сакам да знаете дека сите мои лични предизвици се темел на емпатскиот пристап кој го имам во мојата 1:1 работа со вас. Она што не можам да направам за вас е да поставам медицинска дијагноза, ниту да Ви препорачам лекарства – не можам да преземам одговорност за одлуки кои треба да ги донесе медицинско лице.

Повеќе за обемот на работа на специјалистот за доење можете да прочитате ТУКА.

Со оглед на тоа што не живеам во Македонија, советувањата се одвиваат онлајн на платформата ZOOM. Доколку и вие живеете во околината на Stuttgart BW, секако дека може да договориме домашна посета.

Советувањето се одржува на платформата на ZOOM, а понатамошната комуникација се одвива на мејл (или други апликации за онлајн комуникација). 

Пред сѐ, информирајте се кое советување е најпогодно за вас и вашата ситуација.

Потоа, кликнете на „закажете советување“, погледнете ги термините и најдете термин кој највеќе ви одговара и закажете го – автоматски ќе ви стигне линк за состанок за избраниот датум и избраното време – зачувајте го овој мејл (погледнете да не е стигнат во спам).

На крај, продолжете кон уплата на саканото советување со избирање на истото.

Уплаќањето за советувањето се одвива преку продавницата, каде што за време на правење на нарачката ги имате следните две можности: уплата со картичка или пак преку директен трансфер во банка. Доколку уплатите со картичка, од мене потоа добивате фактура за извршената уплата, а доколку одберете опција директен трансфер во банка, добивате фактура од мене согласно на која самите потоа ја извршувате уплатата во банка.

За сите советувања имате директен линк кон соодветниот производ во продавницата.

Во тој случај испратете го на следниот мејл: info@doenjesoljubov.com или пак контактирајте ме преку контакт формата на страницава, и јас со задоволство и во најбрзо можно време ќе го одговорам.