Доење со љубов
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
Menu
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
ден 0,00 0 Cart
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
  • Најави се

„Од тивок почеток, до гласна порака!“

Natasha2025-11-17T15:25:55+02:00

По повод Светскиот ден на предвремено родените дечиња, на 16 ноември ја одржавме онлајн едукативната сесија под наслов: „Од тивок почеток, до гласна порака“ – со цел да се обезбеди простор посветен на семејствата, стручните лица и сите кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на предвременото породување.

Овој настан беше важна можност гласно да се отворат темите кои често остануваат во тишина, а истовремено да им се даде безбеден простор на семејствата да ги споделат своите искуства, грижи и надежи. Токму тие искрени сведоштва, заедно со стручните перспективи, создадоа атмосфера исполнета со емпатија, разбирање и професионална посветеност.

Иако во нашата земја уште многу треба да се работи за подобрување на поддршката за овие семејства, веруваме дека ваквите собири претставуваат важен чекор напред – кон поголема информираност, подобра грижа и поцврста заедничка мрежа на поддршка.

Со искрена благодарност ја споделуваме радоста што имавме можност да бидеме дел од ваков емотивен, значаен и содржаен настан, и што нашата организација на истиот значеше поддршка на оваа ранлива категорија на семејства.

Во продолжение ги објавуваме снимките од предавањата и презентираните материјали, како и материјали за преземање, за сите кои сакаат повторно да ги погледнат, да ги споделат или да се информираат:

„Моторен развој - следење, тек и отстапки“

Теодора Томовска Ристовска

дефектолог, гешталт психотерапевт во едукација, реедукатор по психомоторика
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ: Теодора Томовска Ристовска

„Емоционалната реалност на родителите на предвремено родени деца: страв, вина и надеж“

Марија Аџиоска Дунимаглоски

психолог, основач на психолошки центар „Раст и развој“
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ: Марија Аџиоска Дунимаглоски

„Доење на предвремено родени бебиња: Предизвици, Решенија, Едукација“

Наташа Цветановска Тодосовска

сертифициран специјалист за доење, „доење со љубов“
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ: Наташа Цветановска Тодосовска

„Први чекори за успешно хранење кај предвремено родени деца“

Емилија Вучкова

дефектолог, терапевт за хранење кај детска популација
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ: Емилија Вучкова
Напомена: предавањата и материјалите ќе се достапни до крајот на месец Ноември 2025 година.

Исто така, би сакале да Ве замолиме, оние што бевте присутни, како и оние кои што не бевте – по следење на презентациите, да го пополните следниот анонимен прашалник. Вашите искрени одговори ќе ни помогнат да понудиме поквалитетна содржина и поддршка која ќе одговара на вашите потреби и предизвици.

—

За сите прашања, коментари, недоумици, организацискиот тим Ви стои на располагање. 

Со почит,

Теодора, Марија, Наташа и Емилија


Related Posts

5 години љубов – 5 години „доење со љубов“!

Се сеќавам на првите чекори пред пет години – на големата желба да создадам нешто што ќе биде потпора, прибежиште... Прочитај повеќе

Светска недела на доење 2025

Јубилејна 5-та година од Светската недела на доењето во Македонија! Од 1 до 7 август, низ целиот свет се слави... Прочитај повеќе

Како до повеќе млеко?

... е прашање кое што ретко некој да не си го поставил во своето доенечко искуство. Дали било тоа на самиот... Прочитај повеќе

„Доење без стрес“ – работилница

Драго друштво, би сакала од срце да ја најавам последната работилница во оваа година, која ќе се одржи онлајн во... Прочитај повеќе

Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Доење со љубов

Друштво за советодавни услуги и едукација

info@doenjesoljubov.com

Импресум   |   За мене

Политика за приватност

Рефундирање на средства

Испорака на производи

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамПолитика за приватност