3 години со вас!
Natasha2023-08-27T02:11:37+02:00Пред точно три години го напишав првиот пост на Инстаграм страницата, со една единствена цел – да објавам проверени информации за доењето, на наш, македонски јазик, и да ги направам да се достапни за сите семејства!
„Оваа страница ја посветувам на сите жени на кои им треба поддршка, кои сакаат навистина да сфатат и да научат нешто повеќе за доењето како процес.
Бидејќи колку повеќе знаеме, толку сме поспремни да се соочиме со секоја ситуација во која ќе се најдеме со новороденчето. Само доколку знаеме што се случува можеме да се справиме со сите стравови, неизвесности и чувства на немоќ. Па кога тие ќе успееме да ги совладаме, ни останува простор за најубавото чувство – љубов.
Од таму и името на оваа страница. Доење со љубов. Без страв од неинформираност, без грижи од незнаење. Единствено со многу љубов.“
Од тогаш досега, исчекорив многу:
– 240 Инстаграм постови, многу лајв вклучувања, едукативни видеа, Q&A сесии…
– го создадов првиот и единствен курс за доење кој веќе постои година и пол и е успешна алатка на многу семејства за испишување на нивните доенечки приказни,
– подготвив 17 едукативни работилници на конкретни теми кои се од важност во доењето;
– три години држам индивидуални советувања со семејства во совладување на сите препреки во доењето;
– три години славење на светската недела на доење со едукативна и обемна програма…
– остварени соработки со светски познати лактациски консултанти…
– креатор на првиот документарен филм за доењето (во обработка)…
– креатор на првиот поткаст за доење на македонски јазик…
И за сето ова морам да се заблагодарам на вас – преку 7300 семејства на Инстаграм и преку 3500 семејства на Фејсбук… огромно благодарам што сте тука и што ми ја давате вашата поддршка!
Па да го прославиме овој роденден!
Од денес, па сѐ до 1 септември, сите работилници како курсот за доење можете да ги следите со 30% попуст:
Код за попуст: DSLJ-3
—
Јас сум на долгоочекуваниот и навистина заслужен одмор, ама ве поздравувам, и ви испраќам виртуелна прегратка полна благодарност!!!
Со љубов,
Наташа