Доење со љубов
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
Menu
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
ден 0,00 0 Cart
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
  • Најави се

„Од тивок почеток, до гласна порака!“

Natasha2025-12-01T09:42:12+02:00

По повод Светскиот ден на предвремено родените дечиња, на 16 ноември ја одржавме онлајн едукативната сесија под наслов: „Од тивок почеток, до гласна порака“ – со цел да се обезбеди простор посветен на семејствата, стручните лица и сите кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на предвременото породување.

Овој настан беше важна можност гласно да се отворат темите кои често остануваат во тишина, а истовремено да им се даде безбеден простор на семејствата да ги споделат своите искуства, грижи и надежи. Токму тие искрени сведоштва, заедно со стручните перспективи, создадоа атмосфера исполнета со емпатија, разбирање и професионална посветеност.

Иако во нашата земја уште многу треба да се работи за подобрување на поддршката за овие семејства, веруваме дека ваквите собири претставуваат важен чекор напред – кон поголема информираност, подобра грижа и поцврста заедничка мрежа на поддршка.

Со искрена благодарност ја споделуваме радоста што имавме можност да бидеме дел од ваков емотивен, значаен и содржаен настан, и што нашата организација на истиот значеше поддршка на оваа ранлива категорија на семејства.

Видеата и презентациите беа достапни за следење до 30.11.2025 година. Секако, доколку имате прашања поврзани со оваа тема – остануваме на располагање во секое време!

 

Со почит,

Теодора, Марија, Наташа и Емилија


Related Posts

5 години љубов – 5 години „доење со љубов“!

Се сеќавам на првите чекори пред пет години – на големата желба да создадам нешто што ќе биде потпора, прибежиште... Прочитај повеќе

Светска недела на доење 2025

Јубилејна 5-та година од Светската недела на доењето во Македонија! Од 1 до 7 август, низ целиот свет се слави... Прочитај повеќе

Како до повеќе млеко?

... е прашање кое што ретко некој да не си го поставил во своето доенечко искуство. Дали било тоа на самиот... Прочитај повеќе

„Доење без стрес“ – работилница

Драго друштво, би сакала од срце да ја најавам последната работилница во оваа година, која ќе се одржи онлајн во... Прочитај повеќе

Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Доење со љубов

Друштво за советодавни услуги и едукација

info@doenjesoljubov.com

Импресум   |   За мене

Политика за приватност

Рефундирање на средства

Испорака на производи