Доење со љубов
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
Menu
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
ден 0,00 0 Cart
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
  • Најави се

Светска недела на доење 2025

Natasha2025-07-30T20:20:23+02:00

🎉 Јубилејна 5-та година од Светската недела на доењето во Македонија!


Од 1 до 7 август, низ целиот свет се слави Светската недела на доењето – а ние со голема радост ве покануваме да ни се придружите и оваа година на нашата јубилејна прослава!

Среќа е што веќе петта година по ред сме дел од глобалната мапа на WABA (World Allience for Breastfeeding Action – WABA), а програмата што ја подготвивме за 2025 е навистина уникатна:

  • едукативни предавања и работилници
  • гости од странство (во живо и онлајн!)
  • уникатна фото-изложба која ќе биде поставена од 5 до 7 август во Центар Јадро – која го носи насловот „во меѓувреме дојам“ и го соголува самиот чин на доење, кој најчесто се случува вон очите на јавноста… изложбата е од фотограф Драгана Николоска.

од 1 до 4 август

Програмата ја започнуваме со активно споделување на едукативен материјал, споделување на едукативни видеа и постови, како и споделување на Вашите доенечки искуства и приказни.

Споделете ги вашите приказни и тагнете ги профилите на нашите социјални медиуми. Или пак, испратете ја вашата приказна на меил:  doenjesoljubov@yahoo.com.

5 - 7 август

Настаните од 5 до 7 Август ќе се одржуваат во живо во Центар Јадро, делумно и онлајн – но не сите сесии ќе бидат достапни дигитално, па за оние кои сакаат да присуствуваат физички, пријавата е задолжителна на:
📩 snd.organizacija@gmail.com.

Оваа година ќе биде полна со енергија, емоции и поддршка – и со нетрпение очекуваме да славиме заедно! 💜

1
2
3
4
5
6
7
9

Едукативни работилници

Како и секоја година, така и оваа, дел од програмата се и предавања на реномирани лактациски консултанти и експерти од ова поле. Но, особена чест и задоволство ни претставува фактот што оваа година имаме можност да имаме две такви предавања со физичко присуство!

Од Хрватска ни доаѓа Зорица Ковач, која е претседателка на хрватското здружение на IBCLC консултанти за доење, и годинава ќе ни одржи две предавања на многу важни теми од аспект на поддршка на доењето!

 

Од Израел ќе ни се придружи онлајн д-р Џина Вајсман, која е еден од светски познатите експерти во полето на орални рестрикции, и ќе одржи прекрасна едукативна работилница на оваа тема!

 

Секако, огромна радост ни е да ги поздравиме и слушнеме и нашите домашни предавачи кои навистина нудат сеопфатна едукација на тема доење и мајчинство, т.е. родителство!

Пријава за настаните

за сите настани во центар „Јадро“

е потребно да се пријавите на нашиот мејл:  snd.organizacija@gmail.com. 

бидејќи местата со физичко присуство се ограничени.

Сите посетители ги очекуваат многу подароци и изненадувања!!!

онлајн настани

Настаните кои ќе се одржуваат и онлајн се одржуваат на платформата ZOOM.

Не сите работилници ќе бидат споделени онлајн. Кои работилници ќе можете да ги проследите онлајн – ќе Ве известиме дополнително на нашите социјални медиуми, каде што ќе ги споделиме линковите на кои ќе можете да ги следите истите.

Следете нѐ на нашите социјални мрежи каде што секојдневно ќе има активности поврзани со оваа тема, и бидете и вие активен дел од ланецот на поддршка на семејства, кои имаат за цел да го овозможат доењето за сите кои тоа си го посакуваат!

Би сакале да изразиме голема благодарност до сите наши поддржувачи, кои придонесоа програмата да биде навистина посебна оваа година!

Се радуваме на вашето учество и се надеваме на уште една успешна дружба!

Наташа, Јасна и Ивана

https://doenjesoljubov.com

https://bebelogija.mk

https://www.instagram.com/doilkamk/

ПРОГРАМАТА за светската недела на доење 2025 во PDF  формат можете да ја преземете ТУКА.

преземи ја програмата - светска недела на доење 2025

Related Posts

Како до повеќе млеко?

... е прашање кое што ретко некој да не си го поставил во своето доенечко искуство. Дали било тоа на самиот... Прочитај повеќе

„Доење без стрес“ – работилница

Драго друштво, би сакала од срце да ја најавам последната работилница во оваа година, која ќе се одржи онлајн во... Прочитај повеќе

4 години доење со љубов!

Драги семејства,не ми се верува колку брзо лета времето! Пред четири години сум го пишала мојот прв пост на инстаграм... Прочитај повеќе

Светска недела на доење 2024

Од 1 до 7 Август, традиционално во светски рамки се прославува светската недела на доење во организација на Прочитај повеќе

Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Доење со љубов

Друштво за советодавни услуги и едукација

info@doenjesoljubov.com

Импресум   |   За мене

Политика за приватност

Рефундирање на средства

Испорака на производи

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамПолитика за приватност