Доење со љубов
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
Menu
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
ден 0,00 0 Cart
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
  • Најави се

„Доење без стрес“ – работилница

Natasha2024-12-21T22:41:01+02:00

Драго друштво, би сакала од срце да ја најавам последната работилница во оваа година, која ќе се одржи онлајн во недела, на 29.12.2024 година, со почеток во 10:30 часот. 

„Доење без стрес“ – вашиот пат кон успех!

Во оваа работилница за доење ќе научите како да започнете со доењето со самодоверба и минимални проблеми, и ќе се едуцирате како да се подготвите за успешен старт во природното хранење на своето бебе.

Што можете да очекувате?

Пред сѐ, практични и научно поткрепени совети кои ќе ви помогнат да го започнете доењето на вистински начин:

  • Техники за правилно доење: Како да го позиционирате бебето и да го направите доењето што полесно за вас и вашето дете.
  • Чести проблеми и решенија: Од болки при доењето до други предизвици, ќе ви покажеме како да ги избегнете или како да се справите со нив.
  • Важноста на доењето: Како доењето влијае на здравјето на мајката и бебето и зошто е важно да започнете на време.
  • Психолошка поддршка: Како да се чувствувате сигурно и поддржано во процесот на доење, и како да ја изградите својата самодоверба како мајка.
учествувај во работилницата

Зошто да се пријавите?

Оваа работилница е идеална за новите мајки кои сакаат да избегнат стрес и несигурност при започнувањето со доењето. 

После оваа работилница ќе можете полесно да препознаете проблеми, успешно да се соочите со истите и што повеќе да уживате во процесот на хранење на вашето бебе.

 

Започнете со доењето на најдобар можен начин!

Пријавете се на работилницата и добијте ги сите алатки и знаење потребни за успешно доење.

Вие и вашето бебе заслужувате поддршка!

Работилницата ќе се одржи онлајн на платформата ZOOM.
Времетраење: ~90 мин. со предвидена Q&A сесија.


Доколку сакате да сте дел од работилницата погледнете подолу како да се пријавите.

Напомена: местата за следење на работилницата се ограничени.

Како да учествувам?

– уплата на следниот ЛИНК (или испратете мејл за да добиете фактура).

– регистрирајте се на линкот кој ќе го добиете на мејл.

– по успешната уплата и регистрација, добивате линк за настанот.

Се радувам што ќе имам можност да се дружам со вас, особено што ќе можам да ги споделам со вас овие корисни информации и искуства.
 
Се надевам дека работилницата ќе биде почеток на вашето успешно патување со доењето.
 
Ви посакувам сѐ најубаво и не заборавајте – тука сум за вас на секој чекор од патот.
Со љубов, 
Наташа 

Related Posts

„Од тивок почеток, до гласна порака!“

По повод Светскиот ден на предвремено родените дечиња, на 16 ноември ја одржавме онлајн едукативната сесија под наслов: „Од тивок почеток,... Прочитај повеќе

5 години љубов – 5 години „доење со љубов“!

Се сеќавам на првите чекори пред пет години – на големата желба да создадам нешто што ќе биде потпора, прибежиште... Прочитај повеќе

Светска недела на доење 2025

Јубилејна 5-та година од Светската недела на доењето во Македонија! Од 1 до 7 август, низ целиот свет се слави... Прочитај повеќе

Како до повеќе млеко?

... е прашање кое што ретко некој да не си го поставил во своето доенечко искуство. Дали било тоа на самиот... Прочитај повеќе

Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Доење со љубов

Друштво за советодавни услуги и едукација

info@doenjesoljubov.com

Импресум   |   За мене

Политика за приватност

Рефундирање на средства

Испорака на производи