Светска недела на доење 2024
Natasha2024-08-27T10:38:34+02:00Од 1 до 7 Август, традиционално во светски рамки се прославува светската недела на доење во организација на World Allience for Breastfeeding Action – WABA.
Горди сме што веќе четврта година по ред ја прославуваме и во нашата земја – и со тоа сме дел од мапата на WABA која го претставува одбележувањето на неделата на доење во светски рамки.
Заедно со Јасна Апостолски – Николов од школото за трудници и доење „Бебелогија“, и оваа година подготвивме богата програма со разновидни активности на многу теми од оваа област.
Програмата има за цел да понуди сеопфатна поддршка за доењето и лактацијата за сите семејства кои се сретнале или наскоро треба да се сретнат со овој уникатен чин.
од 1 до 3 август
Програмата ја започнуваме со активно споделување на едукативен материјал, споделување на едукативни видеа и постови, како и споделување на Вашите доенечки искуства и приказни.
Споделете ги вашите приказни и тагнете ги профилите на нашите социјални медиуми. Или пак, испратете ја вашата приказна на меил: doenjesoljubov@yahoo.com.
3 август
На 3 Август за прв пат ќе се прикаже еден многу интересен нов документарен филм на Stefanie Rosin, лактациски консултант IBCLC од Германија, наречен „East meets West” – for the protection, promotion and support of breastfeeding”.
4 август
Овој ден е резервиран за онлајн едукација на теми кои се од огромна важност за успех во доењето.
5 август
Денот е резервиран за заедничка дружба во „драмски бар“, каде што разладувајќи се на ова топло време ќе можете да добиете и поддршка и едукација за доењето!
6 август
Продолжуваме со онлајн едукација, и тоа со нашиот специјален гостин – Kathryn Stagg, IBCLC, која ќе зборува за доењето на близнаци, тројки… потоа продолжуваме со специјална тема: ефектите од рестриктивен лингвален френулум врз моторниот развој на бебињата.
7 август
На овој ден разговараме со креаторот на документарниот филм „East meets West“: Stefanie Rosin, IBCLC, и заедно ја „затвораме“ програмата за овогодинешната светска недела на доењето.
Пријава за настаните
настан со физичко присуство: 5 Август во „Драмски бар“
Пријавување на мејл: doenjesoljubov@yahoo.com.
Сите учесници добиваат мал подарок! 🙂
онлајн настани
Настаните кои се одржуваат онлајн се одржуваат на платформата ZOOM, и за нивно следење потребно е само да кликнете на линкот за настанот:
„East meets West“ - документарен филм за доењето
Кликнете ТУКА за следење на документарниот филм.
„Неуспешни доенечки приказни - каде е грешката?“
Eдукативна работилница на предавачот Јасна Апостолски – Николов, IBCLC.
"Успешно доење - како да знам дека бебето напредува доволно?“
Eдукативна работилница на предавачот Драгана Емел Марковска, спец. педијатар.
„Доење и спиење“
Eдукативната работилница на предавачот Наташа Ц. Тодосовска, серт.спец.за доење CBS, LLLL.
„Supporting Breastfeeding Multiples“
Eдукативната работилница на предавачот Kathryn Stagg, IBCLC.
„Поврзаноста на френулумот со моторниот развој на бебињата“
Предавачи:
Јасна Апостолски – Николов, дипл.мед.сестра, IBCLC
Наташа Ц. Тодосовска, серт.спец.за доење, CBS, LLLL
Ивана Давидовска Игњатова, дипл.физиотерапевт
„East meets West“ разговор со Stefanie Rosin
Кликнете ТУКА за следење на настанот.
Следете нѐ на нашите социјални мрежи каде што секојдневно ќе има активности поврзани со оваа тема, и бидете и вие активен дел од ланецот на поддршка на семејства, кои имаат за цел да го овозможат доењето за сите кои тоа си го посакуваат!
Би сакале да изразиме голема благодарност до сите наши поддржувачи, кои придонесоа програмата да биде што поразновидна.
Се радуваме на вашето учество и се надеваме на уште една успешна дружба!
Наташа и Јасна
ПРОГРАМАТА за светската недела на доење 2024 во PDF формат можете да ја преземете ТУКА.