Интензивен рефлекс на испуштање
Natasha2023-11-01T09:48:44+02:00Интензивен рефлекс на испуштање на млекото ја нарекуваме појавата кога од градата на мајката, под дејство на секреција на хормонот окситоцин, исфрлањето/испуштањето на млекото од жлезденото ткиво се одвива со малку поголем интензитет.
Вредно е да се напомене дека нема мерка која го дефинира овој интензитет, туку единствениот фактор кој треба да го земеме во предвид е нашето бебенце, и неговата способност да се справи со млазот млеко кој доаѓа од градата.
Затоа, во овој текст накратко ќе ја обработиме оваа појава, и ќе дадеме неколку насоки за тоа – како можеме да се справиме со истата, со цел самиот чин на доење да го направиме малку „поприфатлив“ и „попријатен“ за нашето бебенце.
Истата тема детално ја обработувам и на мојот поткаст за доење, па тие што сте љубители на слушање поткасти, можете подетално да се информирате на темата во следната епизода:
Во литературата се наведени две ситуации на интензивно испуштање на млекото: во едната, интензивното испуштање е резултат на хиперпродукција (хиперлактација), а во другата кога едноставно тоа е начинот на кој се испушта млекото кај таа жена (генетски фактор).
Интензивно испуштање кај хиперпродукција
Кои се знаците?
Како да си помогнеме?
- позиции за доење:
Најдобри позиции за доење кога го имаме овој предизвик се оние во кои гравитацијата ќе ни е од помош – значи сите позиции во кои мајката лежи и млекото тече во спротивна насока од силата на гравитацијата. За позиции имам пишувано во следниот ТЕКСТ. Друга позиција која може да е од помош е кога бебето е што поисправено – со цел да може убаво да го голтне млекото, а најнеповолна за бебето е позиција во која тоа лежи, особено кога лежи на грб како што е на пример позицијата фудбалска / рагби топка.
- краток прекин:
Додека бебето цица, и забележите дека му е непријатно бидејќи се случува рефлексот на испуштање (нешто што многу жени не ретко и го чувствуваат), можете кратко да го тргнете бебето од градата и да го прекинете доењето. Млазот прифатете го со некоја крпа, или пак со некој поширок сад за да го зачувате млекото, измолзете рачно неколку секунди да помине најинтензивното, и повторно вратете го бебето на града.
- техника за попречување на текот:
Оваа е една техника каде што ја поставуваме раката на дел од градата како да сакаме да „пресечеме“ доток на млеко – имено, тоа е и целта – пробуваме да „блокираме“ дел од жлезденото ткиво, и со тоа да го намалиме млазот кој доаѓа кон градата. Оваа техника ја правиме само краток дел од подојот, бидејќи ни е многу важно да не направиме навистина блок во градата и да остане млеко кое требало да излезе. Значи, не смееме да блокираме дел од градата за времето на целиот подој.
- измолзување пред доење:
Доколку забележите дека млазот е преинтензивен, и краток прекин не е од помош, тогаш пробајте да измолзите малку пред доење. Оваа техника не ја препорачувам веднаш, би ве охрабрила прво да пробате со прекин во доењето, бидејќи не ни помага во управување со хиперпродукцијата, туку само со доењето и тоа во моменталната ситуација. Затоа потенцирам, измолзување може да е еднаш, но, не треба да ни е техника која ја применуваме при секој подој, особено доколку се соочуваме со хиперпродукција!
Интензивно испуштање без хиперпродукција
Разликата кај оваа појава е што статистички е доста поретка, и интензитетот полесно можеме да го прилагодиме со техниките кои се споменати погоре.
Важно е да се напомени дека кај ситуација со хиперпродукција, бебињата се навикнуваат за многу брзо време, особено кога хиперпродукцијата ќе биде регулирана, и лактацијата т.е. производството ќе се адаптира на побарувачката од страна на бебето.
Во двете ситуации важно ни е трпението, едукацијата, соодветното препознавање на симптомите и точното дефинирање на проблемот.
Навременото препознавање на проблемите со интензивен рефлекс на испуштање на млекото е од особена важност во првиот период по породувањето. На тој начин имаме можност да провериме за што се случува, и преку наведените примери да пробаме да го подобриме самото доење. Како и секогаш – едукацијата и соодветните информации се клучниот фактор во справување со препреките во доењето!
Спремете се навреме за она што ве чека по породувањето – оваа тема, како и многу други се темелно обработени во КУРСОТ ЗА ДОЕЊЕ.