Доење со љубов
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
Menu
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
0,00 ден 0 Cart
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
  • Најави се

Приказната на Викторија

Natasha2023-08-02T11:31:36+02:00
Нашата доеничка приказна сѐ уште трае (година и пол) благодарение на едукацијата и самодовербата кои ги добив од курсот на Доење со љубов.
 
Самодовербата дека јас и бебето одлучуваме кога, колку и како ќе се дои, без разлика на коментари и мислења од страна, дури и на најблиски, на педијатри, доктори итн. Самодовербата дека најважно е детето да е смирено и најадено не само со храна, туку и со тон љубов, утеха и блискост во секој момент кога ќе ја побара.

Ниеден поглед, ниту коментар или мислење на околината не се поважни, и тоа е буквално и реално точно. Едукацијата за тоа што значи мајчиното млеко, како се менува и прилагодува на потребите на детето, често ми предизвикуваше смеа на коментарите дека “во лето се расипувало млекото” 😂 или “после 1 год станувало вода” 🙄.


Во првите 9 месеци многупати сум се чувствувала дека сум во некој магичен круг што бесконечно се врти на 3 саати и моето постоење е единствено за доење, максимално исцрпувачки, но во ниеден момент не помислив ни да пробам да се откажам. Искрено, се смирив кога ја прифатив ситуацијата како таква, без да мислам дека е фаза од месец-два и ќе помине. Помина кога почна да има 2-3 други оброци.

Сега цица само пред заспивање и будење, 3 пати вкупно.
Но радоста што му ја гледам кога сам си легнува и се мести за цицање и спиење, возбудата со која ме чека, нежноста со која ме гледа и гушка или држи за да знае дека сум тука, а најмногу спокојот и смирувањето што му се создава при цицањето, понекогаш сакам да е замрзнат момент! 🥰

Порака за сите семејства…

За сите идни родители, не само мајки, најважна е љубовта и едукацијата! Во денешно време на толку достапни информации, љубовта се покажува и преку информирање и едуцирање за она што го сакаме и ни е важно!
 
Мама Викторија

Доколку сакате да сте дел од програмата на светската недела на доењето, тука можете да ги погледнете сите планирани настани и да се пријавите за оние од ваш интерес:

програма: светска недела на доењето 2023

Специјален попуст за времетраењето на светската недела на доење (1 до 7 август) имате на следните едукации:

  • Модул 9: Враќање на работа и доење – можете да го следите со 45% попуст!!!

  • Курс за успешно доење и лактација – со кодот SND-23 добивате 35% попуст!!!

Доколку имате било какви прашања испратете мејл на: doenjesoljubov@yahoo.com

 

Среќна недела на доењето 2023!!

 
 

Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Прочитај повеќе
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Прочитај повеќе
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Прочитај повеќе
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Прочитај повеќе
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Доење со љубов

Друштво за советодавни услуги и едукација

info@doenjesoljubov.com

Импресум   |   За мене

Политика за приватност

Рефундирање на средства

Испорака на производи

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамПолитика за приватност