Доење со љубов
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
Menu
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
ден 0,00 0 Cart
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
  • Најави се

Азбука на доењето

Natasha2023-07-31T17:41:27+02:00

Драги семејства,

голема радост и задоволство ми е да споделам дека на 6 јуни во 17:30 часот во Public Room, Скопје ќе ја одржам првата обука за доење во живо!

Проектот го спремам веќе некое време, но, овој пат навистина се радувам што можеме да се сретнеме во живо, да поразговараме на темата родителство и доење, и најважното од сѐ – преку оваа обука да се стекнете со едно солидно ниво на едукација од оваа област!

Концепт

Оваа обука е всушност компактна верзија на курсот за доење, која се концентрира на создавањето на млекото, усовршување на независност во управување со доењето, како и совладување на техники од оваа област кои се од голема важност за времетраење на доењето и фазата на лактација.

Содржина

 
1/ Теоретски дел
Преку овој дел ќе се стекнете со една општа едукација за доењето: како се создава млекото, како да влијаеме на самата лактација – како да зголемиме или намалиме лактација, како да знаеме дали млекото што го имаме е доволно за нашето бебе, што да направиме за што побрзо да имаме доволно млеко, како да знаеме дали е потребно да дохрануваме и како да дохрануваме; потоа: како да преидеме на ексклузивно доење доколку дохрануваме,…
 
 
2/ Практичен дел

Во овој дел ќе научиме како да го позиционираме бебето на града, на што да внимаваме, што е асиметричен фат на града, техники за обликување на градите, техники за измолзување: рачна техника, техника и начела за измолзување со пумпа, масажи на градите, менаџирање со доењето преку позициите…

 
3/ Brainstorming
во оваа сесија следиме неколку реални ситуации кои отсликуваат најчести проблеми и предизвици со кои се соочуваат семејствата на самите почетоци во доењето;
 
 
4/ Q&A сесија 
на која со задоволство ќе одговорам на сите ваши прашања! 🙂

 

Материјали

Со оваа обука добивате и печатени материјали со најважните теми од работилницата, табели/протоколи за доење, измолзување, протокол за складирање на измолзено мајчино млеко, и сл. Исто така, за секој од учесниците има и мало изненадување!
 
 

Траење и цена

 
Времетраење на обуката: 2.5 часа
Цена: 2250 денари
 

 

Пријавување

1. Кликнете на следниот производ, ставете го во кошница и изберете една од двете опции:

– плаќање со картичка (со што директно ја извршувате уплатата), или
– директен трансфер во банка (добивате изготвена фактура за уплата, па потоа ја уплаќате).
 
2. Откако ќе ја извршите нарачката, пополнете го овој формулар за пријавување.
 

Напомена

Настанот е од затворен карактер, а местата се ограничени. Пријавете се навремено за да имате загарантирано место.

Доколку имате било какви прашања испратете мејл на: doenjesoljubov@yahoo.com

Во спротивно, се радувам што ќе се дружиме и со нетрпение ја чекам нашата средба!
 
 

Related Posts

Како до повеќе млеко?

... е прашање кое што ретко некој да не си го поставил во своето доенечко искуство. Дали било тоа на самиот... Прочитај повеќе

„Доење без стрес“ – работилница

Драго друштво, би сакала од срце да ја најавам последната работилница во оваа година, која ќе се одржи онлајн во... Прочитај повеќе

4 години доење со љубов!

Драги семејства,не ми се верува колку брзо лета времето! Пред четири години сум го пишала мојот прв пост на инстаграм... Прочитај повеќе

Светска недела на доење 2024

Од 1 до 7 Август, традиционално во светски рамки се прославува светската недела на доење во организација на Прочитај повеќе

Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Доење со љубов

Друштво за советодавни услуги и едукација

info@doenjesoljubov.com

Импресум   |   За мене

Политика за приватност

Рефундирање на средства

Испорака на производи

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамПолитика за приватност