Доење со љубов
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
Menu
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
0,00 ден 0 Cart
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
  • Најави се

Капацитет на складирање

Natasha2023-04-26T12:45:48+02:00

Во овој текст ќе зборуваме за тоа како функционира лактацијата и што значи „капацитет на складирање на млеко во жлездите“. Зошто е важно тоа да го знаеме?

Затоа што токму овој механизам на лактацијата е многу важен за успехот во истата, и поважно – познавањето на истиот дава одговори на најчестото поставувано прашање: „на колку време да дојам и од колку гради на подој“.

Што претставува капациетот на складирање?

Тоа е максималниот волумен на млеко кој достапен за бебето кој го собира во целото жлездено ткиво во време кога е најполна градата…

… непосредно пред да даде сигнал до мозокот за да се намали производството. 

Капацитетот на складирање млеко не зависи воопшто од големината на градите, туку единствено зависи од количината на жлездено ткиво.

Сите жени се различни и не располагаат со иста количина на жлездено ткиво.

Некои жени имаат поголема количина жлездено ткиво во градата, некои помала.

Соодветно на овие генетски и развојни разлики, доењето ќе изгледа различно за секоја жена.

Кај оние жени со поголем капацитет на складирање на мајчино млеко во жлездите, поголема е веројатноста доењето да биде од една града по подој, и бебето да се јавува за доење на поголеми временски интервали.

Додека пак, кај жени со помал капацитет на жлездено ткиво, најверојатно доењето ќе биде пофреквентно, на помали временски интервали, и бебето најчесто ќе сака да цица од двете гради по подој.

Без разлика на капацитетот на складирање, најважен е вкупниот волумен на млеко кој бебето го добило во 24 часа, а не од колку подои го добило, на која фреквенција се одвивале тие подои и од колку гради од подој.

Токму од овие причини, не смееме слепо да го следиме часовникот – најважно е да го следиме нашето бебе! На колкав интервал ќе сака да цица и од колку гради – треба да ни каже само нашето бебе!

Совети кои се однесуваат на која фреквенција треба да се дои бебето, од колку гради, дали да се дои во ноќта или не, не можат да бидат апликативни за сите доенечки парови, бидејќи не е земен факторот на индивидуалност во предвид!

Давање на едноличен совет на сите мајки нема никаква логична позадина, и кај некои од нив претставува најчестата пречка во воспоставување на лактација и предмет на понатамошни проблеми.

Интересен факт:

Капацитетот на складирање на млеко се зголемува со секоја наредна бременост, како резултат на раст на жлезденото ткиво под дејство на хормоните на бременоста.

Заради тоа, доењето на нашето второ дете најверојатно ќе биде многу поразлично искуство отколку доењето на нашето прво дете, не само заради фактот дека се работи за друго бебе (многу важен момент кој знаеме несвесно да го заменариме), туку и од фактот што нашите гради ќе се различни!

Доколку сакате да дознаете повеќе за механизамот на лактацијата, а со тоа успешно да ги прескокнете сите препреки кои најчесто доаѓаат од вакви несоодветни совети – погледнете ја содржината на КУРСОТ ЗА ДОЕЊЕ.


Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Прочитај повеќе
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Прочитај повеќе
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Прочитај повеќе
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Прочитај повеќе
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Доење со љубов

Друштво за советодавни услуги и едукација

info@doenjesoljubov.com

Импресум   |   За мене

Политика за приватност

Рефундирање на средства

Испорака на производи

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамПолитика за приватност