Подарете љубов
Natasha2023-10-22T15:59:07+02:00„Заштита на доењето – тоа е наша заедничка одговорност!“
Вака гласеше слоганот на WABA по повод светската недела на доење 2021 година. И тоа е навистина така – доењето е наша општествена одговорност, земајќи ги во предвид сите предности кои ги има, не само на т.н. микро ниво за мајката и бебето, туку и на едно глобално макро ниво за целото општество во поглед на глобалното здравје на нашите и идните генерации како и за нашата животна средина!
Бидејќи многу од нашите мајки се оставени без професионална поддршка во оние први мигови со новороденчето кои статистички се пресудни за доењето – најдобар начин да се осигура добар почеток без многу предизвици и стресови е стекнување со соодветната едукација.
По тој повод, во продавницата на оваа страница можете да најдете прекрасни подароци кои ќе ги израдуваат семејствата, бидејќи истите ќе можат да ги искористат за советување или едукација во целиот период кој започнува со самата бременост, па сѐ до крајот на нивната доенечка приказна!
Со купување на подарокот – добивате фактура за уплата и специјален подарок ваучер со код за продавницата во вредност на ваучерот!
Постои можност да подарите ваучер со вредност по избор – направете нарачка на производот и споделете ми ја вредноста за која сакате да биде изготвен ваучерот.
Бидете катализатор – преку поддршка со која семејството ќе го започне доењето без стрес и предизвици, подарете им на новите родители сигурност, сила и мотивација, подарете им безгрижност, самодоверба во справувањето со сите потенцијални препреки во текот на доењето (од самите почетоци – како да воспостават лактација, па и со понатамошните предизвици како што се воведување немлечна дохрана, запчиња, скокови во развој, доенечки штрајкови, доење кога мајката треба да се врати на работа, кога треба да се започне со градинка и сл.)… и на крај, подарете им поддршка на најубав начин да ја завршат својата доенечка приказна!