Доење со љубов
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
Menu
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
0,00 ден 0 Cart
  • Дома
  • Курс за доење
  • работилници
  • советување
  • Новости
  • Контакт
  • Најави се

Релактација и индукција

Natasha2023-03-01T01:17:07+02:00

Релактација претставува процес кој се случува откако поминале недели или пак месеци во кои имало прекин со доењето, или пак се случувало доење но, со многу мал интензитет. Кај релактација се работи на зголемување на производството на млеко кај личност која претходно била бремена.

Индукција на лактација е процес кој опфаќа стимулирање на производство на млеко кај личност која никогаш не била бремена.

Разликата кај овие два процеси е голема, земајќи во предвид дека токму за време на бременоста се случува најзначајниот развој на жлезденото ткиво во градите. Кај процес на индукција на лактација, статистиката покажува дека патот е нешто подолг и со повеќе препреки во споредба со процесот на релактација.

И во двете ситуации од огромна важност е да се работи со стручно лице, со кое ќе се разговара за желбата на семејството, очекувањата и активностите кои може да се пробаат. Не сите семејства имаат исти очекувања и исти цели. И во ситуации кога целта е иста, не сите семејства ќе го имаат истото искуство кон стигање кон целта. Секоја една приказна ќе е различна и индивидуална, бидејќи во двата процеси се соочуваме со многу фактори кои може да играат голема улога во тоа како ќе се одвива целиот процес и колку време, напор и енергија ќе е потребна да се оствари поставената цел.

 

Најважните чекори за двата процеси:

  • Едукација за процесот на создавање на млеко т.е. лактацијата:

Често доење, ефективно празнење на градите, запознавање на техники за темелно измолзување, запознавање со концептот на синтеза на млеко, фидбек инхибитор на лактацијата како и теоријата на рецепторите на пролактин. Сите овие информации се навистина од голема важност за да може соодветно да се менаџира процесот.

  • Темелна едукација за доење

Како да се намести бебето со цел најефективно да ја стимулира и празни градата, да имаме максимална ефективност на доењето, колку гради да нудиме од подој, како да правиме компресии на градите, па сѐ до менаџирање на секојдневието со бебето кое може значително да влијае на процесот како на пр. спиење со бебето во близина, реагирање на раните знаци на глад, и по можност, избегнување на цуцли и сл. Исто така, едукација од аспект како да следиме дали бебето цица, дали му е доволно и колку му е доволно.

  • Едукација за начини на дохранување

Еден од методите на дохранување во овие ситуации кој може да биде многу од помош е дохранувањето директно на града, бидејќи истовремено додека се дохранува и самите гради добиваат дополнителни стимулации.

  • Едукација за можните емотивни и телесни промени

Во нив спаѓаат пример промени во месечниот циклус, промени во жлезденото ткиво, промени во расположението, чувствување на топлина, нервоза, огромен замор – за сите овие работи мора транспарентно да се зборува.

  • Едукација за соодветна исхрана, одмор, хидрација и примена на галактогоги

Секако дека е важно да му се овозможи на телото да одмори од целиот напор со кој се соочува. Хидрацијата и исхраната овозможуваат најоптимални услови кои ја поддржуваат лактацијата. Примената на галактогоги може да биде од голема поддршка и помош за создавањето на млеко.

  • Континуирана работа со стручно лице

Континуирана стручна поддршка води кон поголем процент на успех – бидејќи се прави преглед на целиот процес, се адаптираат чекорите доколку има потреба, се прилагодува и темпото со кое се работи, сѐ со цел процесот низ кој поминува семејството да биде прифатлив и остварлив.

 

Млекото кое се создава при процесот на индукција на лактација одговара на зрелото млеко кај жени кои се во процес на лактација после бременост.

 

Кај процесот на индукција на лактација има уште еден чекор плус кој може да претходи на другите – „подготовка на жлезденото ткиво да создава млеко“. Постојат повеќе видови на протоколи кои се применуваат во светот: примена на стимулација на градите е најважниот принцип, но, истиот може да биде реализиран само преку доење, или пак преку измолзување, или комбинација од двата методи. Може да се применат и различни галактогоги како поддршка на процесот, а може и да се примени протокол кој има за цел да „симулира“ бременост преку хормонална манипулација со контрацептивни апчиња и апчиња за покачување на нивото на пролактин. Овој проткол кој опфаќа три подпротоколи е познат како Newman-Goldfarb induced lactation protocols, но мора да се потенцира дека сепак за него нема конкретно истражување кое ја докажува неговата ефективност.

Важно е да се напомене дека секој проткол кој опфаќа медикаменти или галактогоги треба да биде внимателно разгледан и дискутиран со медицинско лице.

Извори:
Breastfeeding answers – N.Mohrbacher IBCLC, FILCA
Breastfeeding without birthing – Alyssa Schnell, IBCLC

Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Прочитај повеќе
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Прочитај повеќе
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Прочитај повеќе
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Прочитај повеќе
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Доење со љубов

Друштво за советодавни услуги и едукација

info@doenjesoljubov.com

Импресум   |   За мене

Политика за приватност

Рефундирање на средства

Испорака на производи

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамПолитика за приватност