За мене

За мене

Јас сум м-р Наташа Цветановска Тодосовска, дипл.град.инженер и сертифициран специјалист за доење (CBS). Мајка сум на две дечиња кои ја имаат најголемата заслуга за мојата професионална надоградба во областа на лактацијата и доењето. Станувањето родител, особено соочувањето со моите лични предизвици ме доведоа до оваа патека, која со огромна љубов и посветеност ја чекорам секој ден.

Двете мои приказни се различни, но, сепак и по малку слични. Слични во емоциите и потешкотиите со кои се соочив на самите почетоци: чувството на беспомошност, недостатокот на професионална помош и поддршка, недостатокот на унифицирани насочници, ставови и совети… сето тоа поттикна еден тивок револт, кој прерасна во мотивација и мисија – формално да се едуцирам и да ги „одгатнам“ сите контрадикторности со кои се борев во моето доенечко секојдневие.​

Доењето не треба да биде сѐ или ништо! Воопшто не е црно или бело. Има толку нијанси измеѓу кои нудат различен и индивидуален облик, различен тек, различна приказна! Единственото нешто што мора да го има е љубов. Затоа што доењето е пред сѐ љубов.
м-р Наташа Цветановска Тодосовска
0
+
Одржани Курсеви
0
+
Советувања
0
+
Одржани работилници

Мојата приказна

Мојата едукација започна неформално, веднаш по раѓањето на моето прво дете во Јануари 2015. Истражував, читав литература, блогови на светски познати и реномирани лактациски консултанти. По нашата преселба во Германија во Јануари 2016 продолжувам со активно надоградување во оваа област. Од август 2020 година го стартувам мојот проект „доење со љубов“, паралелно почнувајќи и со формална едукација, со која се стекнав со титулата сертифициран специјалист за доење (CBS - certified breastfeeding specialist). Во меѓувреме проектот расте во препознатлив бренд, кој нуди сеопфатна поддршка за доење и лактација: преку различни постови, информации, прирачници, соработки со други стручни лица, па сѐ до создавање на првиот поткаст за доење на македонски јазик.

Мојата едукација продолжува понатаму - во облик на континуирано надоградување, но, и преку активна посета на лактациски конференции, семинари, симпозиуми, работа директно со семејства во решавање на нивните предизвици, подготовка на едукативна содржина на оваа страница и другите мои социјални медиуми, како и едукација на семејствата преку курсот за доење и работилниците на различни теми од областа на доење и лактација.


Сите овие години, сите собрани туѓи искуства, сето време поминато во едукација и надоградба, читање на стручна литература, и најважно - моите две лични и до некаде проблематични искуства со доењето, придонесоа да сум тука денес, да сум не само ваш консултант, туку и пријател кој ве разбира; и остануваат да ми се мотивација да продолжам да чекорам напред.