Ова советување за доење е за сите семејства кои имаат веќе бебенце, а се соочуваат со одредени предизвици во доењето, за кои е потребна поинтензивна работа меѓу мене и семејството од оној еден час предвиден во тематското советување.
Ова советување опфаќа интензивна работа и комуникација меѓу мене и семејствата – остануваме во константна комуникација во следниот период после советувањето, со цел да може да се врши мониторинг на ситуацијата, преглед на секојдневието на семејството, како и адаптација на предложениот план за акција.
ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ ПРЕД СОВЕТУВАЊЕТО
кои треба да ми се на располагање најдоцна 2 часа пред да започне советувањето
– Пополнет ФОРМУЛАР ЗА СОВЕТУВАЊЕ
– Видео снимка од подој/подои:
На видеото треба да се прикаже како изгледа еден подој, како е бебето позиционирано, да се гледа како е поставено на града и како ја фаќа градата. Видеата може да ги испратите на меил doenjesoljubov@yahoo.com, или да ги споделите на drive (mail: doenjesoljubov@gmail.com).
По советувањето, добивате пишано резиме кое го содржи планот што сме го направиле заедно, а во текот на следните 7 дена добивате континуирана поддршка во пишан формат (е-меил) – заедно правиме преглед на ситуацијата, и по потреба – прилагодување на планот. После тие 7 дена, доколку е потребно понатамошна работа – се закажува контрола.