Информации за следење на курсот
Модулите од 1 до 3 ги следите во снимена верзија во ваше темпо, а потоа се регистрирате за учество на Модул 4 (кој се одржува само во живо) на еден од предложените термини.
Пристап до видеата од Модул 1, Модул 2 и Модул 3 имате 30 дена.
Напомена: ставете го во кошница и Модул 4.
Содржина на курсот
Курсот за доење се состои од четири модули:
- Модул 1: „Мајчиното млеко и неговото создавање“
- Модул 2: „Првите чекори кон успешно доење“
- Модул 3: „Умешно надминување на препреки“
- Модул 4: „Интерактивна работилница“
Модулите 1 до 3 претставуваат едукативни презентации, додека модулот 4 претставува интерактивна работилница која се одржува во живо на платформата zoom.
Во овој модул, наречен „себеспознавање“ детално го продлабочуваме знаењето за процесот на создавање на човечкото млеко преку запознавање со структурата на нашите гради, хормонските промени за време на бременоста и по породувањето; се запознаваме со фазите на лактација. На тој начин, добиваме одговори на повеќе прашања кои ги мачат доилките во секојдневието, како што се – изгледот на градите, фреквенција на доење, шемата на подои, потреба од дохранување, исхрана за време на доење, терапија и медикаменти, како до повеќе млеко…
Во овој модул наречен „себеподготовка“ хронолошки чекориме – од породувањето па сѐ до првите неколку недели додека се воспостави успешно доење, при тоа разгледувајќи потенцијални бариери за лактација, фактори за успех, редуцирање на потенцијалните проблеми кои ни излегуваат на патот. Се концентрираме на тоа како да ги препознаеме знаците на ефективен трансфер на млеко, како да позиционираме и да оствариме длабок фат на града, како да правиме компресии за време на доење, како да го контролираме трансферот на млеко.
Модулот е наречен и „себеподдршка“ и има за цел да Ве запознае со сите потенцијални „сопки“ во првиот период со кои многу жени се среќаваат во своето доенечко искуство. Разговараме за проблеми со фатот на града, затнати млечни канали, мастит, рани на брадавиците, рамни и вовлечени брадавици, отечени гради… Разговараме и за препреки кои се резултат на фактор бебе – прематуритет, орални рестрикции, жолтица… целта е да можете да си бидете самите себеси најголема поддршка, преку соодветна едукација, решенија…
Модул 4 е завршница на сите претходни модули и служи да го заокружи целото стекнато познавање од овој курс. Преку конструктивни дискусии, разјаснување на дилеми, приказ на едукативни видеозаписи, и особено преку дискусија за реални примери од секојдневието на семејствата и заеднички вежби во нивна евалуација, овој модул е одлично резиме на целиот курс за доење. За следење на работилницата во живо, одберете датум од наведените термини за одржување на модулот:
Материјали за преземање
Со курсот за доење добивате и материјали за преземање како на пр. табели за преглед на доење, измолзување, складирање на мајчино млеко, и сл., како и сите едукативни видеа од Модулот 4.
Откако ќе завршите со следење на целиот курс, т.е. откако ќе присуствувате и на интерактивната работилница – Модул 4, добивате пристап и до ПРИРАЧНИК ЗА ЛАКТАЦИЈА И ДОЕЊЕ кој е изготвен согласно содржината на курсот за успешно доење и лактација.
Оние кои го следат или го следеле курсот за доење добиваат пристап до материјалите со кликање на следниот линк: