советување за доење

советување за доење

2.690,00 ден

In stock
0 out of 5

2.690,00 ден

60 минути online советување + 7 дена поддршка (e-mail)

Description

Ова советување за доење е за сите семејства кои имаат веќе бебенце, а се соочуваат со одредени предизвици во доењето, за кои е потребна поинтензивна работа меѓу мене и семејството.

Ова советување опфаќа интензивна работа и комуникација меѓу мене и семејствата – остануваме во константна комуникација во следниот период после советувањето, со цел да може да се врши мониторинг на ситуацијата, преглед на секојдневието на семејството, како и адаптација на предложениот план за акција.  

ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ ПРЕД СОВЕТУВАЊЕТО: 

ве замолувам да ги испратите најдоцна 2 часа пред да започнеме со советувањето

  • пополнет формулар за советување
  • видео снимка од подој на која ќе прикажете позиционирање на бебето и како ја фаќа градата

Видеата испратете ги на меил doenjesoljubov@yahoo.com, или може да ги споделите на drive (mail: doenjesoljubov@gmail.com).

По советувањето, добивате пишано резиме кое го содржи планот што сме го направиле заедно, а во текот на следните 7 дена добивате континуирана поддршка во пишан формат (е-меил) – заедно правиме преглед на ситуацијата, и по потреба – прилагодување на планот. После тие 7 дена, доколку е потребно понатамошна работа – се закажува контрола.