За следење на Модулот потребно е да се најавите (регистрирате).
По извршената уплата на средствата, видеото ќе ви биде достапно за следење во следните 10 дена. Во тоа време, бројот на прегледи на материјалот е неограничен.
Кратка содржина
Модулот опфаќа насоки како да се менаџира со секојдневието кога родителот треба да се врати на работа, а има бебенце / детенце кое што го дои. Опфаќа најразлични предизвици кои треба да се земат во предвид, нудејќи сигурност и знаење како да се конструира индивидуален и функционален план.
Мислења за Модул 9:
„Прекрасен концепт, целиот пристап и целата содржина многу ми се допадна! Содржеше одговори на сите прашања кои си ги поставував, буквално сѐ беше убаво опфатено!“
„Она што највеќе ми се допадна во оваа презентација е што го добив одговорот на сите прашања, без воопшто да треба да ги поставам! Браво Наташа!“
„Многу ми се допадна конкретноста на одговорите на прашањата кои си ги поставуваме на оваа тема. Особено ми се допадна смирувачкиот пристап кон оваа тема, што за мене е поприлично стресна!“
„Секогаш ми е задоволство да те слушам! Твојот пристап и начин на зборување, советите беа одлични, насоките конкретни - се познава дека со љубов го работиш ова!“
„Одлично презентирана тематика, без многу развлекување, со конкретни примери. Таман да се спреми човек што да очекува. Највеќе ми се допаднаа конкретните примери како да направиме индивидуален нацрт план!“
„Емоцијата и тонот со кој се читаа сите приказни и се пренесоа сите совети - браво! Фокусот беше на најважното и појаснување на суштинските прашања!“
Previous
Next