Portfolio Description

Модул 8

„Орални рестрикции“

Кратка содржина

Дали имате болки за време на доење? Рани на брадавиците? Вашето бебе не напредува добро и мора да дохранувате? 

Ако овие проблеми уште ве преплавуваат, а веќе имате пробано сѐ – коректно местење на бебето, добро позиционирање, практикување на длабок фат… тогаш може и да е нешто што се случува во усната празнина на вашето бебе.

Во овој модул детално се обработува темата за орални рестрикции и нивното влијание врз доењето. Се зборува за видови на орални рестрикции, нивна категоризација, нивното влијание врз доењето, пропратните симптоми, како и детали за сите современи методи за нивна дијагноза.

Оваа тема е навистина специфична, и бидејќи се соочуваме со недостаток на едуциран персонал во оваа област, често семејствата не ја добиваат дијагнозата ниту пак потребната поддршка и совети како да се справат со истите. Или пак, ќе им се каже дека бебето е прегледано и нема проблем со орална рестрикција, но, најчесто прегледот не е направен согласно пропишаните методи за детекција на овој проблем. Затоа, содржината на овој модул има за цел да ви понуди комплетна едукација на оваа тема.

За следење на модулот

потребно е да имате направено профил на страницата, да сте најавени и да го имате купено Модулот (производот).

По извршена уплата на средствата, работилницата е автоматски достапна за следење во следните 10 дена. Во тоа време, бројот на прегледи на материјалот е неограничен. По купување на производот, вратете се на оваа страница и кликнете на линкот подолу за следење на видеото.

Напомена: копирање, преземање и споделување на содржината без согласност од авторот е забрането.

Купете го модулот

  • Модул 8

    0 out of 5

    Во овој модул детално се обработува темата за орални рестрикции и нивното влијание врз доењето. Се зборува за видови на орални рестрикции, нивна категоризација, нивното влијание врз доењето, пропратните симптоми,…

    mkd 690,00

Погледнете го видеото

Ако уплатата е успешно завршена, добивате автоматски пристап до содржината на работилницата:

Ви благодарам за дадената доверба!

Доколку имате прашања или ви е потребна техничка поддршка испратете мејл или стапете во контакт преку контакт формата.

Може да ви се допадне и...