За следење на Модулот потребно е да се најавите (регистрирате).
По извршената уплата на средствата, видеото ќе ви биде достапно за следење во следните 10 дена. Во тоа време, бројот на прегледи на материјалот е неограничен.
Кратка содржина
Модулот се концентрира на тема измолзување: во кои ситуации е потребно, методи за измолзување, техники на измолзување со пумпа и рачно измолзување, на што да се внимава при изборот на пумпа, и нуди насоки за одржување лактација кога семејството има предвремено родено бебенце.
Мислења за Модул 6:
„Одлична и многу корисна работилница. Сите потребни информации за измолзување се опфатени и многу детално и убаво објаснети!“
„Многу ми се допадна работилницата! Добив одговор на сите мои прашања!“
„Одлична презентација, јасна и со дефинирани цели! Многу професионално и добро пренесено знаење. Браво Наташа!“
„Презентацијата за мене беше многу корисна. Добив одговор на моите прашања, а ми се допадна и начинот на презентирање на содржината - концизен и детален. Благодарност за целата твоја работа, и за работилниците како и за постовите кои допринесоа до успешно започнување на мојата доенечка приказна.“
„Многу ми се допаѓа што на секое прашање одговараш колку може подетално и опширно. Тоа што се учи од твоите работилници дефинитивно е незаменливо и бесценето. Фала многу за сѐ!“
„Како и секогаш, така и сега - после работилницата сум сѐ посигурна во доењето!“
Previous
Next