Доење со љубов
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
Menu
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
0,00 ден 0 Cart
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
  • Log In

Интензивен рефлекс на испуштање

Natasha2023-11-01T09:48:44+02:00

Интензивен рефлекс на испуштање на млекото ја нарекуваме појавата кога од градата на мајката, под дејство на секреција на хормонот окситоцин, исфрлањето/испуштањето на млекото од жлезденото ткиво се одвива со малку поголем интензитет.

Вредно е да се напомене дека нема мерка која го дефинира овој интензитет, туку единствениот фактор кој треба да го земеме во предвид е нашето бебенце, и неговата способност да се справи со млазот млеко кој доаѓа од градата.

Затоа, во овој текст накратко ќе ја обработиме оваа појава, и ќе дадеме неколку насоки за тоа – како можеме да се справиме со истата, со цел самиот чин на доење да го направиме малку „поприфатлив“ и „попријатен“ за нашето бебенце.

Истата тема детално ја обработувам и на мојот поткаст за доење, па тие што сте љубители на слушање поткасти, можете подетално да се информирате на темата во следната епизода:

слушај ја епизодата на поткастот

Во литературата се наведени две ситуации на интензивно испуштање на млекото: во едната, интензивното испуштање е резултат на хиперпродукција (хиперлактација), а во другата кога едноставно тоа е начинот на кој се испушта млекото кај таа жена (генетски фактор).

Интензивно испуштање кај хиперпродукција

Оваа појава е доста карактеристична на почетокот на доењето, во првиот период после породување, и знае да трае додека не се воспостави лактацијата. Не ретко се случува градите на мајката да произведуваат повеќе млеко од што е потребно на новороденчето, и да се полнат побрзо, па кога ќе дојде време за подој, рефлексот да е интензивен како резултат на полни гради.
 
Но, она што често го среќавам во работата со семејствата е состојбата на полни гради како резултат на недоволна стимулација (пр. заради дохранување на новороденчето).Овие се ситуации кои често се прикажуваат како хиперпродукција, но, проблемот понатаму се продлабочува кога лактацијата се намалува, и дохранувањето продолжува бидејќи мајката „нема доволно млеко“. За тоа – повеќе во поткастот.

Кои се знаците?

Во првите денови, доколку имаме повеќе млеко од што е потребно, можно е да имаме мака со доењето – и тоа во тоа како нашето бебе се однесува на градата. Најчестите знаци се: бебето се трга од градата, знае и да заплаче, повторно фаќа, па пак ја пушта градата, и не ретко може да се забележи како од градата „шприца“ млеко. Некои бебиња знаат и да се засркнат, а претерано ретко се случува бебиња да добијат и аверзија кон доењето.
 
Најважно е да го адресираме проблемот – дали е точно во прашање хиперпродукција, или пак можеби бебето има некој друг проблем (лош фат на градата, слаба мускулатура на лицето, орални рестрикции и сл.). Од тука би рекла, дека убаво е да имате консултација со стручно лице од оваа област, за да ги исклучите сите потенцијални фактори кои не се поврзани со интензивен рефлекс на испуштање, а кои ги даваат речиси истите симптоми и однесување кај бебето.

Како да си помогнеме?

Доколку знаеме дека се работи за оваа појава, има неколку работи преку кои можеме да пробаме да делуваме, со цел да го олесниме доењето и да го направиме попријатно:
 
  • позиции за доење:

Најдобри позиции за доење кога го имаме овој предизвик се оние во кои гравитацијата ќе ни е од помош – значи сите позиции во кои мајката лежи и млекото тече во спротивна насока од силата на гравитацијата. За позиции имам пишувано во следниот ТЕКСТ. Друга позиција која може да е од помош е кога бебето е што поисправено – со цел да може убаво да го голтне млекото, а најнеповолна за бебето е позиција во која тоа лежи, особено кога лежи на грб како што е на пример позицијата фудбалска / рагби топка.

  • краток прекин:

Додека бебето цица, и забележите дека му е непријатно бидејќи се случува рефлексот на испуштање (нешто што многу жени не ретко и го чувствуваат), можете кратко да го тргнете бебето од градата и да го прекинете доењето. Млазот прифатете го со некоја крпа, или пак со некој поширок сад за да го зачувате млекото, измолзете рачно неколку секунди да помине најинтензивното, и повторно вратете го бебето на града.

  • техника за попречување на текот:

Оваа е една техника каде што ја поставуваме раката на дел од градата како да сакаме да „пресечеме“ доток на млеко – имено, тоа е и целта – пробуваме да „блокираме“ дел од жлезденото ткиво, и со тоа да го намалиме млазот кој доаѓа кон градата. Оваа техника ја правиме само краток дел од подојот, бидејќи ни е многу важно да не направиме навистина блок во градата и да остане млеко кое требало да излезе. Значи, не смееме да блокираме дел од градата за времето на целиот подој.

  • измолзување пред доење:

Доколку забележите дека млазот е преинтензивен, и краток прекин не е од помош, тогаш пробајте да измолзите малку пред доење. Оваа техника не ја препорачувам веднаш, би ве охрабрила прво да пробате со прекин во доењето, бидејќи не ни помага во управување со хиперпродукцијата, туку само со доењето и тоа во моменталната ситуација. Затоа потенцирам, измолзување може да е еднаш, но, не треба да ни е техника која ја применуваме при секој подој, особено доколку се соочуваме со хиперпродукција!

Интензивно испуштање без хиперпродукција

Разликата кај оваа појава е што статистички е доста поретка, и интензитетот полесно можеме да го прилагодиме со техниките кои се споменати погоре.

Важно е да се напомени дека кај ситуација со хиперпродукција, бебињата се навикнуваат за многу брзо време, особено кога хиперпродукцијата ќе биде регулирана, и лактацијата т.е. производството ќе се адаптира на побарувачката од страна на бебето.

Во двете ситуации важно ни е трпението, едукацијата, соодветното препознавање на симптомите и точното дефинирање на проблемот.

Навременото препознавање на проблемите со интензивен рефлекс на испуштање на млекото е од особена важност во првиот период по породувањето. На тој начин имаме можност да провериме за што се случува, и преку наведените примери да пробаме да го подобриме самото доење. Како и секогаш – едукацијата и соодветните информации се клучниот фактор во справување со препреките во доењето!

Спремете се навреме за она што ве чека по породувањето – оваа тема, како и многу други се темелно обработени во КУРСОТ ЗА ДОЕЊЕ.


Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Read More
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Read More
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Read More
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Read More
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Breastfeeding with Love

Company for counseling services and education

info@doenjesoljubov.com

Impresum   |   About me

Privacy Policy

Refunding Policy

Shipping Policy

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамPrivacy Policy