Доење со љубов
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
Menu
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
0,00 ден 0 Cart
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
  • Log In

Приказната на Даница

Natasha2023-08-02T19:07:23+02:00
Јас и мојот Д, кој сега е веќе ,,големо” момче од 2 години и 5 месеци, уживавме во моќната врска на доењето цели 22 месеци, и за тоа ќе бидам вечно благодарна на моето тело и мојата упорност.

Да не се лажеме: првите денови, не знаевме ни двајцата што правиме, беше болно, исцрпувачки и тешко, но никогаш не се откажавме, ни по продолжена жолтица, ни по одложена вакцина, а дури ни во моментот кога околу мене слушав дека неговиот плач се должи на недоволно млеко и глад. Не воведов дохрана, не му давав ни вода – ексклузивно доење во првите шест месеци со супер напредок. Благодарна на доктор Драгана Емел што и тогаш кога вагата не покажуваше којзнае колку накачени грама, ме охрабруваше дека е тоа сосема доволно за моето бебе, што и навистина беше така.
И ако на почетокот ти викаат ,,дој го давај му дохрана- не му е доволно”, веќе после првата година слушаш како твоето млеко веќе не вреди ништо, твојата града му е како цуцла лажливка … и ти го наметнуваат она дека е голем да цица. Фала му на Бога одлуката за тоа кога прекина да цица ја донесовме јас и Д. И да, чудно е, но тој како да беше поподготвен од мене. И пресреќна сум што и ден денес знае да каже дека кога бил бебе и тој цицал од мама и пораснал во големо дете.

Чувството што знаев дека моето тело го храни е нешто со кое секојдневно се гордеам, нешто во кое уживав, секаде и секогаш, без срам. Цицето беше лек за многу плачки, температури, ладни зимски ноќи, жешки летни денови… Цицето беше утеха за првото тргнување во градинка, за кршењето на омилената играчка…
Во оваа моја приказна не можам, а да не го спомнам главниот наш соиграч- тато супер Марио (што би рекол Д) кој несебично се потруди да ја најдеме најдобрата положба за доење првите денови, да ја купи најдобрата крема за болни брадавици, да стане во било кое време од ноќта и да ми го подаде Д на града, па да почека за да го заспие, да застане на секое патување за да имаме мирно доење, да го утеши кога веќе нема повеќе цице…. И што уште не.

За секоја недоумица, без размислување и без трошка страв од осуда сум ја прашала Наташа која не можела да смисли поубаво име за својата благородна работа, доење со љубов, бидејќи токму тоа е доењето – љубов во една посебна возвишена форма. Ми одговорила, ме поддржала, ми посочила – и за тоа ѝ сум преблагодарна.

Толку сум среќна и исполнета што можам да зборувам за 22-месечна успешна доенечка приказна и знаат тазе мајките околу мене колку се трудам да не се наметнувам, но да и објаснам дека мајчиното млеко е течно злато и најдобрата храна за нивното бебе, но дека навистина мора да се биде упорен и покрај сите препреки и стравови, за да се дојде мигот кога тоа ќе стане едно преубаво секојдневие, кое постојано е полно со предизвици.

Ми благодарам на мојот Д што заедно успеавме, иако не беше секогаш лесно, со дете како него беше песна. И можеби не ја паметам секоја ноќ во која сум станувала по три пати, по пет пати со полузамижани очи да го дојам, но таа искрени милни очиња кои гледаат во мене и ми кажуваат сѐ засекогаш ќе останат врежани во моето сеќавање, во моето срце. Зошто доењето не е само храна, но милион емоции.
 
Мама Даница

Доколку сакате да сте дел од програмата на светската недела на доењето, тука можете да ги погледнете сите планирани настани и да се пријавите за оние од ваш интерес:

програма: светска недела на доењето 2023

Специјален попуст за времетраењето на светската недела на доење (1 до 7 август) имате на следните едукации:

  • Модул 9: Враќање на работа и доење – можете да го следите со 45% попуст!!!

  • Курс за успешно доење и лактација – со кодот SND-23 добивате 35% попуст!!!

Доколку имате било какви прашања испратете мејл на: doenjesoljubov@yahoo.com

 

Среќна недела на доењето 2023!!

 
 

Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Read More
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Read More
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Read More
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Read More
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Breastfeeding with Love

Company for counseling services and education

info@doenjesoljubov.com

Impresum   |   About me

Privacy Policy

Refunding Policy

Shipping Policy

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамPrivacy Policy