Приказната на Анна
Natasha2023-08-01T18:25:33+02:00На 1ви Август, мојот омилен месец, започнува Светската недела на доењето, па по тој повод сакам да упатам поддршка на сите мајки кои доеле, дојат или ќе дојат набрзо. Истотака сакам да упатам поддршка на сите мајки кои прекинале да дојат поради х причини, не успеале воопшто да дојат, немале млеко и сл.
Секоја жена е еднакво вредна без разлика дали дои или дава формула и има потполно право на свој избор.
За некој е уживање, за некој не толку многу, но на крајот од денот секој си носи одлука за своето дете, а ние жените сме создадени да сме си поддршка во најранливите периоди за една жена и најголемите промени што се случуваат со неа и нејзиното тело – кое носи и дарува нов живот.
Јас сум мајка на две дечиња и дојам речиси 3 години. Првото дете го доев до 2 години кога веќе бев 4ти месец бремена со второто дете.
За мене доењето беше и е нешто најубаво што ми се случи уште после првото породување, едно големо освестување за себе како жена и мојата моќ што ја имам, една голема преродба, едно ослободување на мислите, еден спокој, една воздишка, едно бегство од сѐ кога ќе останавме само ние двајца и ќе ни се спојат погледите, љубовта и топлината.
За мене доењето е…
За мене доењето е повеќе од храна, тоа е неопислива љубов и заедничка поврзаност. Има безброј бенефити да, ама не е воопшто лесно на моменти… непроспиени ноќи, лимитирани излегувања на мајката, ама сѐ е тоа дел од еден сладок период кој нема цена.
About me нема поблагородна работа од тоа да една жена гледа во очите на своето дете и во истиот момент да го храни со своето тело.
Доењето никаде и никогаш не е срамота, доењето е храна и имунитет за цел живот – запомнете го тоа !
Важноста на поддршката…
Љубовта кон доењето и воопшто мајчинството па убава храната, декорациите итн ми ја всади Весна од @vkusniprikazni, на која сум ѝ бескрајно благодарна за секоја поддршка и мотивација.
Јас бев и сѐуште сум поддршка на многу мајки кои биле во искушение дали да продолжат или да се откажат. За среќа сите си испишуваат веќе свои доенечки приказни.
Само со обострана поддршка и мотивација ќе имаме светлост утре.
На сите ви посакувам успешни приказни 🤍
Мама Анна
Доколку сакате да сте дел од програмата на светската недела на доењето, тука можете да ги погледнете сите планирани настани и да се пријавите за оние од ваш интерес:
програма: светска недела на доењето 2023
Специјален попуст за времетраењето на светската недела на доење (1 до 7 август) имате на следните едукации:
Модул 9: Враќање на работа и доење – можете да го следите со 45% попуст!!!
Курс за успешно доење и лактација – со кодот SND-23 добивате 35% попуст!!!
Доколку имате било какви прашања испратете мејл на: doenjesoljubov@yahoo.com
Среќна недела на доењето 2023!!