Доење со љубов
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
Menu
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
0,00 ден 0 Cart
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
  • Log In

Medications and Breastfeeding

Natasha2023-02-24T18:54:04+02:00

Доењето е процес кој за повеќе семејства трае релативно подолг период, во кој е многу очекувано барем еднаш да се појави потреба од примање на одредена терапија, или пак, да се направи одредена медицинска интервенција / преглед. Не ретко тоа знае да биде и како резултат на самиот процес на породување.

Досегашното искуство покажува дека повеќето од здравствените работници кои работат со семејства со мали бебиња не располагаат со соодветни податоци во врска со компатибилноста на одредено лекарство / медикамент и доењето. Па, не ретко се случува мајката да биде советувана да го престане комплетно доењето, секако, како превентивна мерка што е далеку од страната на сигурноста. Но, колку е тоа навистина потребно, и можеби уште поважно е прашањето: зошто не зборуваме дека престанокот со доење во одредени ситуации може да биде многу поголем ризик за бебето отколку занемарливиот статистички процент на ризик од примената на одреденото лекарство?…

Факт е дека бројот на студиите во оваа област е навистина мал, што е донекаде и очекувано, земајќи го во предвид етичкото прашање. Но, покрај тоа, во светот постојат богати датабази кои располагаат со податоци за многу од најчесто применетите лекови во фармакологијата, кои се широко достапни за здравствените работници, па и за семејствата (во ситуации кога недостасува соодветна професионална поддршка).

Една од најопфатните докажани датабази која е наменета за стручните лица – особено оние кои работат во областа на лактација и доење – е датабазата на Dr. Thomas W. Hale, кој е водечки експерт во областа на перинатална фармакологија, и е автор на книгата “Hale’s Medications & Mother’s Milk“.

Следните датабази имаат поголема достапност (со оглед на тоа што се бесплатни), па се најчесто користени како од професионални лица, така и од самите семејства:

  • LactMed
  • e-lactancia
  • embryotox

Начинот на користење на овие страници е со внес на генеричкото име на лекарството кое сакате да го проверите, за што ќе добиете детални информации за достапни студии, заклучоци од истите, како и статистички податоци и општи препораки.

Најтопла препорака – проверете го секој медикамент / лекарство под неговото генеричко име, пред да донесете одлука дали да (не) го примите, или пред да донесете одлука да престанете (времено или конечно) со доење.

Многу од често применуваните лекарства се во ред да бидат дел од терапијата на мајката, и нема никаква потреба да се прекине доењето, исто како и многу од лекарските прегледи / зафати (како што се на пр. рендген на граден кош, најчестите стоматолошки зафати со локална анестезија – во тие ситуации проверете ја анестезијата).

Доколку имате сомнеж или недоумица, најдобар начин е да се консултирате со лице кое е едуцирано токму во областа на доење и лактација.


Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Read More
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Read More
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Read More
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Read More
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Breastfeeding with Love

Company for counseling services and education

info@doenjesoljubov.com

Impresum   |   About me

Privacy Policy

Refunding Policy

Shipping Policy

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамPrivacy Policy