М11 – Работилница
Драго друштво,
би сакала да најавам дека во вторник, 17.05.2022 година, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи работилницата под наслов „доење после царски рез“ – како до успешна лактација после царски рез.
Во оваа работилница ќе поразговараме за тоа како да се воспостави лактација, какви потенцијални влијанија може да има царскиот рез врз доењето и лактацијата, што можеме да направиме за да влијаеме на лактацијата, и како да го направиме тоа и во болнички услови и потоа дома.
Работилницата ќе се одржи онлајн на платформата ZOOM.
Времетраење: ~40 мин. + 10 мин. Q&A
Присуството е бесплатно.
Напомена:
– местата за следење на работилницата се ограничени!
– линкот даден во текстот е за регистрација – не е за следење на работилницата; по регистрирање, добивате нов линк индивидуално наменет само за вас, на кој ќе можете да ја следите работилницата.
По одржувањето на работилницата во живо, истата станува дел од модулните работилници и е достапна за следење во секое време – во снимена варијанта.