М10 – Работилница
Драго друштво,
би сакала да најавам дека во среда, 30.03.2022 година, со почеток во 11:30 часот, ќе се одржи работилницата под наслов „доење и цврста храна – доење по започнување со немлечна дохрана“.
Во оваа работилница ќе поразговараме за најважните работи околу тоа како да се „менаџира“ доењето откако ќе се започне со немлечната дохрана. Исто така ќе ги продискутираме најчестите митови со кои се сретнуваат семејствата кога треба да се „соочат“ со овој следен „родителски предизвик“.
Работилницата ќе се одржи онлајн на платформата ZOOM.
Времетраење: ~45 мин. + 15 мин. Q&A
Присуството е бесплатно.
Напомена: линкот е за регистрација – не е за следење на работилницата!
По регистрирање, добивате нов линк на кој ќе можете да ја следите работилницата.
Регистрацијата е дозволена најдоцна 2 часа пред започнување на истата.
Доколку имате било какви прашања, контактирајте ме на мојата е-меил адреса:
info@doenjesoljubov
По одржувањето на работилницата во живо, истата станува дел од модулните работилници и е достапна за следење во секое време – во снимена варијанта.