„Од тивок почеток, до гласна порака!“
Natasha2025-11-17T15:25:55+02:00По повод Светскиот ден на предвремено родените дечиња, на 16 ноември ја одржавме онлајн едукативната сесија под наслов: „Од тивок почеток, до гласна порака“ – со цел да се обезбеди простор посветен на семејствата, стручните лица и сите кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на предвременото породување.
Овој настан беше важна можност гласно да се отворат темите кои често остануваат во тишина, а истовремено да им се даде безбеден простор на семејствата да ги споделат своите искуства, грижи и надежи. Токму тие искрени сведоштва, заедно со стручните перспективи, создадоа атмосфера исполнета со емпатија, разбирање и професионална посветеност.
Иако во нашата земја уште многу треба да се работи за подобрување на поддршката за овие семејства, веруваме дека ваквите собири претставуваат важен чекор напред – кон поголема информираност, подобра грижа и поцврста заедничка мрежа на поддршка.
Со искрена благодарност ја споделуваме радоста што имавме можност да бидеме дел од ваков емотивен, значаен и содржаен настан, и што нашата организација на истиот значеше поддршка на оваа ранлива категорија на семејства.
Во продолжение ги објавуваме снимките од предавањата и презентираните материјали, како и материјали за преземање, за сите кои сакаат повторно да ги погледнат, да ги споделат или да се информираат:
„Моторен развој - следење, тек и отстапки“
Теодора Томовска Ристовска
дефектолог, гешталт психотерапевт во едукација, реедукатор по психомоторика
„Емоционалната реалност на родителите на предвремено родени деца: страв, вина и надеж“
Марија Аџиоска Дунимаглоски
психолог, основач на психолошки центар „Раст и развој“
„Доење на предвремено родени бебиња: Предизвици, Решенија, Едукација“
Natasha Cvetanovska Todosovska
сертифициран специјалист за доење, „доење со љубов“
„Први чекори за успешно хранење кај предвремено родени деца“
Емилија Вучкова
дефектолог, терапевт за хранење кај детска популација
Напомена: предавањата и материјалите ќе се достапни до крајот на месец Ноември 2025 година.
Исто така, би сакале да Ве замолиме, оние што бевте присутни, како и оние кои што не бевте – по следење на презентациите, да го пополните следниот анонимен прашалник. Вашите искрени одговори ќе ни помогнат да понудиме поквалитетна содржина и поддршка која ќе одговара на вашите потреби и предизвици.