4 години доење со љубов!
Natasha2024-08-27T13:40:47+02:00Драги семејства,
не ми се верува колку брзо лета времето! Пред четири години сум го пишала мојот прв пост на инстаграм страницата, мотивирана од моите две искуства со доењето, во две различни земји, под две различни околности… согледувајќи ја потребата да се објавуваат релевантни податоци на нашиот македонски јазик. И таа беше идејата – да создадам едно ќоше во интернет просторот, каде што секое семејство може да намине, да прочита тоа што му треба, и да си замине со она по кое што дошол.
Затоа што на сите ни е повеќе од јасно дека поддршка во оваа сфера од стручните лица е во голем дефицит. На почетокот многу скромно го изјавував тоа, но, со текот на времето, научив и да сум погласна. Затоа што никому не правам услуга ако молчам. Напротив – предизвиците остануваат на семејствата и нивните бебиња.
„Оваа страница ја посветувам на сите жени на кои им треба поддршка, кои сакаат навистина да сфатат и да научат нешто повеќе за доењето како процес.
Бидејќи колку повеќе знаеме, толку сме поспремни да се соочиме со секоја ситуација во која ќе се најдеме со новороденчето. Само доколку знаеме што се случува можеме да се справиме со сите стравови, неизвесности и чувства на немоќ. Па кога тие ќе успееме да ги совладаме, ни останува простор за најубавото чувство – љубов.
Од таму и името на оваа страница. Доење со љубов. Без страв од неинформираност, без грижи од незнаење. Единствено со многу љубов.“
Она што започна како мала идеја, на моја огромна среќа но и несебично вложување, вроди неочекувано голем резултат!
Од тогаш досега, исчекорив многу:
– 280 Инстаграм постови, многу лајв вклучувања, едукативни видеа, Q&A сесии…
– го создадов првиот и единствен Breastfeeding Course кој неколку години е успешна алатка на многу семејства за испишување на нивните доенечки приказни,
– подготвив 18 едукативни работилници на конкретни теми кои се од важност во доењето;
– четири години држам индивидуални советувања со семејства во совладување на сите препреки во доењето;
– четири години славење на светската недела на доење со едукативна и обемна програма…
– остварени соработки со светски познати лактациски консултанти…
– креатор на првиот документарен филм за доењето (во обработка)…
– креатор на првиот поткаст за доење на македонски јазик…
И за сето ова морам да се заблагодарам на вас – преку 8300 семејства на Инстаграм и преку 3900 семејства на Фејсбук… огромно благодарам што сте тука и што ми ја давате вашата поддршка!
Секако, моите соништа се многу поголеми, но, морам да се прилагодам како мајка на моите секојдневни обврски и да ги прилагодам соништата на моите ресурси и време.
Ве поканувам да го прославиме и овој роденден, со желба за многу години заедничка дружба!!!
Од денес, па сѐ до 1 септември, сите работилници како курсот за доење можете да ги следите со 30% попуст:
Код за попуст: DSLJ-4
—
За брзо се гледаме со интересни и информативни содржини на моите социјални медиуми… до тогаш, Ве поздравувам и од срце Ви благодарам за Вашата неизмерна поддршка!!!
Со љубов,
Наташа