Доење со љубов
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
Menu
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
0,00 ден 0 Cart
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
  • Log In

Roses Revolution Day 23

Natasha2023-11-19T23:31:24+02:00

Во рамките на светскиот ден за борба против насилство врз жената, 25 Ноември, веќе трета година по ред заедно со Елена Џебр го организираме „денот на револуција на розите“ или Roses Revolution Day – настан кој се концентрира на неправдата и насилството што се случува во родилиштата. Целта на проектот е покревање на свеста за ситуацијата во родилиштата, со надеж за промена и (по)емпатичен пристап за време на породувањето.

Roses Revolution Day претставува една мирна револуција против отсуството на почит према родилките во родилиштата и физичкото и психичкото насилство за време на раѓањето. Секоја роза е симбол за тагата која родилката си ја носи дома, за болката поврзана со непријатните спомени од нејзината породилна приказна.

Во одредени земји во светот, токму на овој ден, 25 ноември, родилките оставаат роза пред родилиштата која претставува симбол за претрпената траума, и служи да им даде здраво соочување со траумата, помирување или т.н. симболична „завршница“ и ослободување од товарот кој го носат со себе.

Не ретко се случува да заедно со розата остават и порака до персоналот во родилиштето – анонимно пишуваат за нивната траума, со надеж дека ова е нешто што како општество ќе го освестиме, и со тоа ќе се трудиме да не се повтори.

Повеќе за иницијативата и нејзиното настанување можете да најдете во следниот ТЕКСТ.

Roses Revolution во Македонија е проект / движење кое го започнавме пред две години заедно со Елена Џебр, магистер по клиничка и советодавна психологија; и бидејќи и двете работиме со семејства, мајки, многу лесно ја препознавме потребата од еден ваков проект, кој концептуално нуди сигурно катче за мајките, семејствата, комплетно анонимно да ја раскажат својата приказна, и да пробаат барем малку да тргнат од товарот кој го носат со нејзе.

Сите оние кои во себе носат болка, тага, навреда, и сакаат да ја раскажат својата приказна, можат тоа да го направат комплетно анонимно.

прашалник за анонимно споделување на вашата приказна

Доколку се решите и да однесете роза пред родилиштето, направете слика, и испратете ни ја на меилот погоре – истата ќе биде споделена како дел од настаните во нашата програма, која почнува на 24 ноември и завршува на 26 ноември.

Оваа година, како и претходните, почнувајќи на 24 Ноември па сѐ до 26 Ноември ќе ги споделуваме сите добиени приказни на Фејсбук страницата на проектот: Roses Revolution Day – Macedonia.

На 25 ноември ќе организираме и мини дискусија во живо на нашите социјални медиуми – повеќе детали следуваат на нашите Инстаграм профили.

И оваа година, како и претходните две, се надеваме на што поголем одзив на проектот, сѐ со цел да имаме што помалку вакви приказни во иднина!

Сите приказни од претходните две години можете да ги најдете на официјалната Фејсбук страница на проектот; во прилог се и видео записите од настаните:

Настан „Roses Revolution Day” 2021

Настан „Roses Revolution Day” 2022


Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Read More
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Read More
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Read More
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Read More
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Breastfeeding with Love

Company for counseling services and education

info@doenjesoljubov.com

Impresum   |   About me

Privacy Policy

Refunding Policy

Shipping Policy

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамPrivacy Policy