Доење со љубов
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
Menu
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
0,00 ден 0 Cart
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
  • Log In

Заедно, подготвени…

Natasha2023-10-15T15:24:13+02:00

Драги семејства,

големо задоволство ми е да споделам дека во недела, 22/10/2023 година, со почеток во 10:30 часот ќе се одржи онлајн работилница за подготовка за раѓање и доење, наречена „заедно, подготвени“.

Името на работилницата е и за нас симболично, бидејќи и ние, заедно со Николина Ралевски која е акушерка по професија, со многу љубов ја подготвивме оваа работилница, на која вие, заедно со нас, можете да се подготвите за породувањето, доењето, и периодот постпартум, кои претставуваат едни од најемотивните и најинтензивните случувања во нашиот живот.

Работилницата е поделена на три дела, од кои првиот дел е посветен на темата раѓање, вториот е посветен на темата доење, и третиот е посветен за сите ваши прашања и недоумици.

Содржина на работилницата

 

1/ РАЃАЊЕ
Справете се со сите несигурности и стравови!
 
Во овој прв дел, ќе се зборува за стравот, паниката, болката… знаците како да препознаеме дека породувањето започнува. Преку четирите фази на породувањето ќе откриете како изгледа целиот тој процес, процесот на раѓање на бебенцето, процесот на раѓање на плацентата, и ќе поразговараме за почетокот на постпартум периодот.

2/ ДОЕЊЕ
Подгответе се и прескокнете ги најчестите препреки!

Во овој дел зборуваме за трите фази на лактација и процесот на инволуција, како функционира лактацијата, која е поврзаноста на породувањето и доењето и производството на млеко, како до поголема количина на млеко која ќе е доволна за нашето бебенце, како да го позиционираме и што да внимаваме при доењето, и секако – како да препознаеме дали доењето успешно функционира!

3/ Q&A СЕСИЈА

… затоа што нашето мото е: „да не остане ниту едно прашање неодговорено!“
2
3
4
5

 

Материјали

Со работилницата ќе имате пристап и до материјали за преземање кои ќе ви се од големо значење за породувањето и доењето!
 
 

Податоци за работилницата

 
Датум: 22/10/2023
Време: 10:30 часот
Платформа: ZOOM
Траење: ~ 2 часа
Работилницата е бесплатна!
 

Пријавување

1. Пријавете го вашето присуство на следниот ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

2. Ден пред работилницата ќе добиете линк за следење на истата!

Напомена

Работилницата е бесплатна и се одржува онлајн, но местата се ограничени. Ве молиме пријавете го вашето присуство навремено за да имате загарантирано место.

Доколку имате било какви прашања испратете мејл на: doenjesoljubov@yahoo.com или на mojaakusherka@gmail.com.

За сите присутни следува изненадување!

 Се радуваме на претстојната дружба!

Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Read More
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Read More
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Read More
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Read More
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Breastfeeding with Love

Company for counseling services and education

info@doenjesoljubov.com

Impresum   |   About me

Privacy Policy

Refunding Policy

Shipping Policy

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамPrivacy Policy