Приказната на Даница
Natasha2023-08-02T19:07:23+02:00Да не се лажеме: првите денови, не знаевме ни двајцата што правиме, беше болно, исцрпувачки и тешко, но никогаш не се откажавме, ни по продолжена жолтица, ни по одложена вакцина, а дури ни во моментот кога околу мене слушав дека неговиот плач се должи на недоволно млеко и глад. Не воведов дохрана, не му давав ни вода – ексклузивно доење во првите шест месеци со супер напредок. Благодарна на доктор Драгана Емел што и тогаш кога вагата не покажуваше којзнае колку накачени грама, ме охрабруваше дека е тоа сосема доволно за моето бебе, што и навистина беше така.
И ако на почетокот ти викаат ,,дој го давај му дохрана- не му е доволно”, веќе после првата година слушаш како твоето млеко веќе не вреди ништо, твојата града му е како цуцла лажливка … и ти го наметнуваат она дека е голем да цица. Фала му на Бога одлуката за тоа кога прекина да цица ја донесовме јас и Д. И да, чудно е, но тој како да беше поподготвен од мене. И пресреќна сум што и ден денес знае да каже дека кога бил бебе и тој цицал од мама и пораснал во големо дете.
Чувството што знаев дека моето тело го храни е нешто со кое секојдневно се гордеам, нешто во кое уживав, секаде и секогаш, без срам. Цицето беше лек за многу плачки, температури, ладни зимски ноќи, жешки летни денови… Цицето беше утеха за првото тргнување во градинка, за кршењето на омилената играчка…
Во оваа моја приказна не можам, а да не го спомнам главниот наш соиграч- тато супер Марио (што би рекол Д) кој несебично се потруди да ја најдеме најдобрата положба за доење првите денови, да ја купи најдобрата крема за болни брадавици, да стане во било кое време од ноќта и да ми го подаде Д на града, па да почека за да го заспие, да застане на секое патување за да имаме мирно доење, да го утеши кога веќе нема повеќе цице…. И што уште не.
За секоја недоумица, без размислување и без трошка страв од осуда сум ја прашала Наташа која не можела да смисли поубаво име за својата благородна работа, доење со љубов, бидејќи токму тоа е доењето – љубов во една посебна возвишена форма. Ми одговорила, ме поддржала, ми посочила – и за тоа ѝ сум преблагодарна.
Ми благодарам на мојот Д што заедно успеавме, иако не беше секогаш лесно, со дете како него беше песна. И можеби не ја паметам секоја ноќ во која сум станувала по три пати, по пет пати со полузамижани очи да го дојам, но таа искрени милни очиња кои гледаат во мене и ми кажуваат сѐ засекогаш ќе останат врежани во моето сеќавање, во моето срце. Зошто доењето не е само храна, но милион емоции.
Доколку сакате да сте дел од програмата на светската недела на доењето, тука можете да ги погледнете сите планирани настани и да се пријавите за оние од ваш интерес:
програма: светска недела на доењето 2023
Специјален попуст за времетраењето на светската недела на доење (1 до 7 август) имате на следните едукации:
Модул 9: Враќање на работа и доење – можете да го следите со 45% попуст!!!
Курс за успешно доење и лактација – со кодот SND-23 добивате 35% попуст!!!
Доколку имате било какви прашања испратете мејл на: doenjesoljubov@yahoo.com
Среќна недела на доењето 2023!!