Доење со љубов
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
Menu
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
0,00 ден 0 Cart
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
  • Log In

Првите 40 дена

Natasha2023-03-27T14:31:42+02:00

Една од поважните работи кога зборуваме за првите чекори кон родителството, се оние први мигови на запознавање со новороденчето.

На нашето поднебје постојат повеќе верувања поврзани со првите 40 дена после породувањето. Додека дел од нив се останати само во смисла на „народски верувања“, вредно е да се напомене дека тие први 40 дена не се само во нашата култура застапени, туку се појавуваат и во други култури.

Зошто 40 дена?

Постои и научно објаснување за овие 40 дена и е поврзано со производството на млеко. Токму во првите 40 дена телото на мајката се приспособува на животот со новороденчето и градите ја „воспоставуваат“ лактацијата. Иако хормоните се тие кои се одговорни за почетокот на производството со млеко, најголемиот фактор за производството на млеко кај мајката е ритамот и ефективноста на отстранување на млеко од жлезденото ткиво во градите. Тоа се постигнува или со доење, или во ситуации кога доењето не е можно – со измолзување.

Оваа динамика се нарекува автокрина контрола или локална контрола на производство на млеко, што ја потврдува онаа често слушана изрека дека „бебето преку доењето самото ја регулира лактацијата“. Затоа е многу важно да знаеме дека бебето треба да цица „кога сака и колку сака“. Условот тука е бебето да цица ефективно на града!

Доколку доењето е ефективно, околу крајот на првите 40 дена, лактацијата кај мајката ќе го има достигнато она ниво на производство кое што му е потребно на бебето. Секако, доколку му се дозволи на бебето да цица по желба, дури и кога интервалите не се по шема, или пак имаме периоди на интензивно доење во одреден дел од денот (cluster feeding).

Како изгледа доењето?

Со фреквентно доење во првата недела млекото кај мајката се зголемува речиси 10 пативо споредба со првиот ден – токму заради тоа во тој период стимулациите на градите се многу важни, а праксата на дохранување на новороденчето треба да биде навистина ревидирана – дали е потребна, и ако да – да се даде приоритет на измолзеното мајчино млеко. Особено е важно да се запомни дека во овој период расте и желудникот на бебенцето пропорционално со лактацијата, па кога се дохранува, секогаш треба да се внимава да се почести а помали порции, во споредба со поретки и поголеми порции.

Во втората и третата недела лактацијата продолжува да расте, особено како резултат на зачестеното доење на бебето – подоите се пофреквентни и можеби подолги, бидејќи бебето си ја прави потребната „нарачка“ за следниот период. Овие периоди се сретнуваат во литературата и како „скокови во развој“ или „периоди на интензивно доење“.

После еден месец доење повеќето мајки произведуваат оноку млеко колку што ќе му е потребно на бебето не само во тоа време, туку во текот на целата доенечка приказна. Она што можеби не сте го знаеле е дека бебињата на еден месец имаат речиси иста потреба од млеко во поглед на количина како на 6 месеци. Тоа се должи на континуираното успорување на метаболизамот кое се случува со нивниот раст. Секако, не сите бебиња се исти!

Вистинска слика за тоа што следува

Доколку семејството не знае како изгледаат првите мигови со новороденчето, целиот тој период може да биде навистина тежок и предизвикувачки. Затоа е многу важно да се едуцираат семејствата и да ја имаат вистинската слика за тоа што следува веднаш по породувањето.

Доколку семејството точно знае што да очекува, може да делува претходно со цел да си го олесни тој период – да побара помош и поддршка од блиските: за подготовка на оброци, домашни обврски, грижа за постарите дечиња (а не некој да го чува бебето додека мајката мие садови и дипли алишта).

Само со добро разбирање на она што е биолошки очекувано и нормално во првиот период – како што се фреквентните подои, cluster feeding епизодите, и со соодветна едукација за препознавање на знаците дали доењето е ефективно, семејството може да има поголема самодоверба и да ги „прескокне“ сите оние препреки кои најчесто потекнуваат од страв.

Извор: Nancy Mohrbacher, Breastfeeding Answers: A Guide for Helping Families

Доколку сакате да се едуцирате на тема доење и лактација, прочитајте повеќе за курсот за доење.


Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Read More
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Read More
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Read More
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Read More
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Breastfeeding with Love

Company for counseling services and education

info@doenjesoljubov.com

Impresum   |   About me

Privacy Policy

Refunding Policy

Shipping Policy

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамPrivacy Policy