M14 - Workshop
Драго друштво,
би сакала да најавам дека во вторник, 14.3.2023 година, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи работилницата под наслов „одбивање од доење – најдобриот крај на доенечката приказна“.
Во оваа работилница ќе разговараме како започнува одбивањето од доење, и како изгледа тој транзициски процес. Ќе научиме да разликуваме дали се работи за доенечки штрајк, или пак навистина бебето / детето само се одбива за доење. Исто така ќе обработиме секакви сценарија – кога мајката мора итно да престане со доење, како да се одвива целата ситуација; или пак ако мајката сака да го води процесот – како да го оствари тоа на најефективен и најлесен начин за детенцето; ќе разговараме што да очекуваме во зависност од возраста на детето. Во овој модул ќе го разгледаме престанокот со доење од секој можен аспект – физиолошки, анатомски, културно – социолошки, со најголем акцент на физичкото и психичко здравје на мајката и бебето/детето.
Работилницата ќе се одржи онлајн на платформата ZOOM.
Времетраење: ~50 мин. + 10 мин. Q&A сесија.
Доколку сакате да сте дел од работилницата погледнете подолу како да се пријавите.
Учеството изнесува 300 денари.
За да ја следите работилницата:
– пријавете се на линкот за пријава директно на ZOOM;
– уплатете го учеството на работилницата на следниот ЛИНК, или испратете мејл со цел да добиете фактура за уплата.
– по реализација на уплатата добивате линк за следење на работилницата.
Напомена: местата за следење на работилницата се ограничени.
По одржувањето на работилницата во живо, истата станува дел од модулните работилници и е достапна за следење во секое време – во снимена варијанта.