Доење со љубов
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
Menu
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
0,00 ден 0 Cart
  • Home
  • Breastfeeding Course
  • Workshops
  • советување
  • Blog
  • Contact
  • Log In

„… би сакал/а да знаев“

Natasha2023-01-07T21:43:17+02:00

Крајот на оваа предизвикувачка 2021 година е веќе сѐ поблиску. Верувам дека повеќето од вас со нетрпение чекате да ја испратиме, со надеж дека следната ќе биде поинаква, барем од претходните две. Овие години навистина беа предизвик, особено за новите родители – почнувајќи од самите породувања за време на пандемија, до осаменоста и недостатокот на поддршка, стравот, неизвесноста, работењето од дома со малечки дечиња, губење на работното место… ова се само дел од потешкотиите кои воопшто не помислувавме дека може да се дел од нашето секојдневие.

Иако „имало подобри“, би сакала да ја прославиме заедно и оваа година – пред сѐ, заради тоа што стануваме на секој наш пад, без разлика на болката која ни ја причинува. Затоа што продолжуваме напред, без разлика што оставаме позади.

И за тоа, заслужуваме да си честитаме.

Нешто што научив од работата со семејствата во последната година е дека забораваме да си дадеме признание за нештата кои успешно ги правиме. Секогаш се концентрираме на нештата кои „можеле да бидат подобро направени“, на нашите „грешки“, на нашите „неуспеси“, и некако дозволуваме да ги потиснат сите наши успеси, дури и кога се во поголем број.

Кога си помислив како би сакале да си честитаме, дојдов до идејата за едно заедничко кафепиење. Нема посебен гостин, нема посебна програма, ниту најава. Едноставно се собираме – мајки, трудници, партнери, … секој кој сака да си даде оддишка и да си даде признание. Дополнително, да сподели што научил откако станал родител – нешто што сметам дека може да е од корист, особено за оние кои допрва ги чека тој предизвик.

Главната тема на настанот е „што би си кажале себеси кога би можеле да го вратиме времето назад?“. Кој е оној совет кој би си го дале, за кој сметаме дека би ни направил разлика во нашето секојдневие; што би сакале да знаевме, а не го знаевме или го замислувавме комплетно поинаку; што нѐ изненади, што никогаш не помислувавме дека нѐ очекува…

Најчестата „заблуда“ за доењето која ја имаме пред да имаме деца – е верувањето дека е нешто природно што „самото од себе ќе се случи“… а на огромна жалост, тука спаѓа и верувањето дека „ќе имаме соодветна поддршка на лице место“.

Настанот ќе се одржи online на платформата ZOOM. Како и секогаш, потребна е регистрација за истиот. Ве известувам дека постои можност да се снима и да биде објавен на социјалните медиуми, во зависност од Вашиот feedback на оваа тема согласно прашалникот за регистрација.

Доколку сакате да зборувате, можете да го најавите тоа, но и воопшто не мора. Дружбата ќе е спонтана и ќе трае околу 2 часа. Сите Ваши прашања и коментари се добредојдени.

линк за регистрација

Регистрацијата е отворена до 24 часа пред настанот. Доколку е изминат терминот, пишете ми порака.

Ве известувам дека на овој настан ќе се доделат и две бесплатни учества на еКурсот за доење за трудници, и две бесплатни следења на работилница по избор. За да учествувате, потребно е да напишете коментар на постот на Инстаграм или Фејсбук. Извлекувањето ќе биде на самиот настан.

Од срце се надевам дека овој настан ќе ни го донесе она кое што го сакаме – искуство и самодоверба за оние на кои им треба, ослободување за оние кои имаат потреба да се ослободат од некоја тежина, насмевки и радост – и што е најважно – чувство дека не сме сами во ова наше секојдневие. А кога знаеме дека не сме сами и дека нашиот товар го носат многумина, наеднаш, како да станува полесен.

Се радувам и со нетрпение ја очекувам дружбата…


Related Posts

16/01/2025

Како до повеќе млеко?

Read More
21/12/2024

„Доење без стрес“ – работилница

Read More
27/08/2024

4 години доење со љубов!

Read More
28/07/2024

Светска недела на доење 2024

Read More
Instagram Facebook-f Youtube Spotify
© 2022-2025 - doenjesoljubov.com
сите права се задржани

Breastfeeding with Love

Company for counseling services and education

info@doenjesoljubov.com

Impresum   |   About me

Privacy Policy

Refunding Policy

Shipping Policy

Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.Се согласувамНе се согласувамPrivacy Policy