М9 – Работилница
Драго друштво,
би сакала да Ви најавам дека во вторник 23.11.2021 со почеток во 11:30 часот ќе се одржи онлајн работилницата под наслов „Враќање на работа – конструкција на функционален план“.
Работилницата е за сите семејства кои имаат бебенце/детенце кое е доено, а набрзо треба да се соочат со предизвикот во менаџирање на секојдневието и отпочнување на работните обврски надвор од домот. Тоа по автоматизам значи поминување на еден дел од денот одвоени од своето бебенце/детенце – што е драстична помена и за родителот и за бебето/детето.
Во оваа работилница се опфатени сите важни работи на кои треба да се внимава при промена на фреквенцијата на доење, со што добивате познавања и умешност да изготвите индивидуален, конструктивен и функционален план, кој ќе можете тековно да го прилагодувате – согласно на вашата индивидуална ситуација.
Работилницата ќе се одржи онлајн на платформата ZOOM.
Времетраење: ~45 мин. + 15 мин. Q&A
Присуството е бесплатно.
Напомена: линкот е за регистрација – не е за следење на работилницата!
По регистрирање, добивате нов линк на кој ќе можете да ја следите работилницата.
Регистрацијата е дозволена најдоцна половина час пред почетокот на работилницата.
Доколку имате било какви прашања, контактирајте ме на меил:
По одржувањето на работилницата во живо, истата станува дел од модулните работилници и е достапна за следење во секое време – во снимена варијанта.