Како до повеќе млеко?
… е прашање кое што ретко некој да не си го поставил во своето доенечко искуство. Дали било тоа на самиот почеток на приказната, кога уште се запознаваме со нашето бебенце, и кога секој плач за нас претставува несигурност во количината на млеко која ја произведуваме, или пак е тоа понатаму во нашата приказна, кога… … прочитај повеќе
„Доење без стрес“ – работилница
Драго друштво, би сакала од срце да ја најавам последната работилница во оваа година, која ќе се одржи онлајн во недела, на 29.12.2024 година, со почеток во 10:30 часот. „Доење без стрес“ – вашиот пат кон успех! Во оваа работилница за доење ќе научите како да започнете со доењето со самодоверба и минимални проблеми, и… … прочитај повеќе
4 години доење со љубов!
Драги семејства, не ми се верува колку брзо лета времето! Пред четири години сум го пишала мојот прв пост на инстаграм страницата, мотивирана од моите две искуства со доењето, во две различни земји, под две различни околности… согледувајќи ја потребата да се објавуваат релевантни податоци на нашиот македонски јазик. И таа беше идејата – да… … прочитај повеќе
Светска недела на доење 2024
Од 1 до 7 Август, традиционално во светски рамки се прославува светската недела на доење во организација на World Allience for Breastfeeding Action – WABA. Горди сме што веќе четврта година по ред ја прославуваме и во нашата земја – и со тоа сме дел од мапата на WABA која го претставува одбележувањето на неделата… … прочитај повеќе
Roses Revolution Day 23
Во рамките на светскиот ден за борба против насилство врз жената, 25 Ноември, веќе трета година по ред заедно со Елена Џебр го организираме „денот на револуција на розите“ или Roses Revolution Day – настан кој се концентрира на неправдата и насилството што се случува во родилиштата. Целта на проектот е покревање на свеста за… … прочитај повеќе
Интензивен рефлекс на испуштање
Интензивен рефлекс на испуштање на млекото ја нарекуваме појавата кога од градата на мајката, под дејство на секреција на хормонот окситоцин, исфрлањето/испуштањето на млекото од жлезденото ткиво се одвива со малку поголем интензитет. Вредно е да се напомене дека нема мерка која го дефинира овој интензитет, туку единствениот фактор кој треба да го земеме во… … прочитај повеќе
Заедно, подготвени…
Драги семејства, големо задоволство ми е да споделам дека во недела, 22/10/2023 година, со почеток во 10:30 часот ќе се одржи онлајн работилница за подготовка за раѓање и доење, наречена „заедно, подготвени“. Името на работилницата е и за нас симболично, бидејќи и ние, заедно со Николина Ралевски која е акушерка по професија, со многу љубов… … прочитај повеќе
3 години со вас!
Пред точно три години го напишав првиот пост на Инстаграм страницата, со една единствена цел – да објавам проверени информации за доењето, на наш, македонски јазик, и да ги направам да се достапни за сите семејства! „Оваа страница ја посветувам на сите жени на кои им треба поддршка, кои сакаат навистина да сфатат и да… … прочитај повеќе
Приказната на Сара
Покрај приказните што ги објавив за време на светската недела на доењето, во инбокс ми стигна оваа прекрасна доенечка приказна за една мајка која и покрај сите препреки успеала да си ги дои своите близначиња. Решив да ја споделам со сите, со надеж дека ќе ви даде мотивација и надеж дека со добра едукација и… … прочитај повеќе
Приказната на Даница
Јас и мојот Д, кој сега е веќе ,,големо” момче од 2 години и 5 месеци, уживавме во моќната врска на доењето цели 22 месеци, и за тоа ќе бидам вечно благодарна на моето тело и мојата упорност.Да не се лажеме: првите денови, не знаевме ни двајцата што правиме, беше болно, исцрпувачки и тешко, но… … прочитај повеќе
Приказната на Викторија
Нашата доеничка приказна сѐ уште трае (година и пол) благодарение на едукацијата и самодовербата кои ги добив од курсот на Доење со љубов. Самодовербата дека јас и бебето одлучуваме кога, колку и како ќе се дои, без разлика на коментари и мислења од страна, дури и на најблиски, на педијатри, доктори итн. Самодовербата дека најважно е… … прочитај повеќе
Приказната на Ивана
Јас сум Ивана Јаневска и имам деветгодишна ќерка, токму со нејзе започна мојата доенечка приказна. Се мислев каков наслов би му дала на текстот. Најсоодветно би било ЕДУКАЦИЈА Е КЛУЧОТ! За жал, пред 9 год. јас ја немав. Учев on the fly, и затоа почетокот на самото искуство се уште го памтам како трауматичен. Тогаш мислев… … прочитај повеќе
Приказната на Анна
На 1ви Август, мојот омилен месец, започнува Светската недела на доењето, па по тој повод сакам да упатам поддршка на сите мајки кои доеле, дојат или ќе дојат набрзо. Истотака сакам да упатам поддршка на сите мајки кои прекинале да дојат поради х причини, не успеале воопшто да дојат, немале млеко и сл. Секоја жена е… … прочитај повеќе
Приказната на Трпана
24 годишна мајка. Во бременоста се едуцирав многу за пораѓајот и нега на бебето, но, за доење воопшто не. Мислев сѐ си доаѓа само… и некако така и беше, но, само со голема упорност. Само што се породив одма пробав да ја надојам; бебушката мала влече ли влече 🥰… Така 3 дена во болница не… … прочитај повеќе
Светска недела на доење
Оваа година, светската недела на доење, која традиционално се одржува во периодот од 1 до 7 Август во организација на World Allience for Breastfeeding Action – WABA, по трет пат ја прославуваме и во нашата земја, заедно со Јасна Апостолски – Николов од Центарот за мајки „Здраво Бебе“. Како и претходните две години, и оваа… … прочитај повеќе
Азбука на доењето
Драги семејства, голема радост и задоволство ми е да споделам дека на 6 јуни во 17:30 часот во Public Room, Скопје ќе ја одржам првата обука за доење во живо! Проектот го спремам веќе некое време, но, овој пат навистина се радувам што можеме да се сретнеме во живо, да поразговараме на темата родителство и… … прочитај повеќе
Позиции за доење
Верувам дека кога зборуваме за позиции за доење, првата асоцијација која ни доаѓа на повеќето од нас се оние четири најчесто прикажувани позиции (лулка, вкрстена лулка, фудбалска топка, лежечка позиција). Во овој текст не би сакала да зборувам како да го наместите бебето во тие четири позиции, туку би сакала да зборувам малку повеќе околу… … прочитај повеќе
Капацитет на складирање
Во овој текст ќе зборуваме за тоа како функционира лактацијата и што значи „капацитет на складирање на млеко во жлездите“. Зошто е важно тоа да го знаеме? Затоа што токму овој механизам на лактацијата е многу важен за успехот во истата, и поважно – познавањето на истиот дава одговори на најчестото поставувано прашање: „на колку… … прочитај повеќе
Интерактивен КВИЗ за доење
Доколку чекате бебенце, и вашата желба е да успеете во доењето – тогаш овој квиз е вистинското нешто за вас! Зошто квиз? Квизот е наречен “Моето познавање на тема: ДОЕЊЕ“ има за цел да ви даде подетален преглед за тоа колку вие навистина сте спремни во оваа област и располагате со соодветно познавање од областа… … прочитај повеќе
Првите 40 дена
Една од поважните работи кога зборуваме за првите чекори кон родителството, се оние први мигови на запознавање со новороденчето. На нашето поднебје постојат повеќе верувања поврзани со првите 40 дена после породувањето. Додека дел од нив се останати само во смисла на „народски верувања“, вредно е да се напомене дека тие први 40 дена не… … прочитај повеќе